Трезен го кажал тоа што го мисли кога е пијан

30.06.2014 14:33
Трезен го кажал тоа што го мисли кога е пијан

Скопје, 30 јуни 2014

Aтанас Алексов, студент од Скопје, синоќа ги изненадил своите пријатели кога сосема трезен во лице им го кажал сето она што го мисли за нив кога ќе се опие.

Неговите пријатели велат дека ретко имале можност да го видат трезен и не знаеле дека тој толку тешко ја поднесува таа состојба.

„Беше исклучително непријатно. Во почетокот на сите им беше забавно, но потоа сфативме колку Атанас е неискрен кон нас кога е пијан. Се дружиме речиси цел живот и потоа доживуваме во трезна состојба да ни плесне во лице сѐ што мисли“, раскажува Филип, еден од најдобрите пријатели на Атанас.

„Тој не ги криел чувствата само од нас, туку и од поранешните девојки на кои трезен им се јавуваше пред нас и им велеше дека не може без нив. Призна и дека една другарка му се допаѓа со години, како и дека со сегашната девојка се сплеткал само затоа што бил трезен“, изјави пријателот на Атанас.

Тој додаде дека непиењето алкохол не може да биде оправдување за однесувањето на Атанас.

„Што можете да очекувате од човек кој мора да биде сосема трезен за да го изрази на вистински начин тоа што го чувствува“, се прашува Филип.

Извор: www.njuz.net