Дедал и Икар

02.07.2014 10:50
Дедал и Икар

Дедал вели:

Оди сине но запомни дека одиш а не леташ
крилата се само орнамент и ти чекориш по ливада
топлиот воздух е само влажната земја на летото
а студениот е потокот
небото е полно со лисја и малечки животни

Икар вели:

Очите како два камена се враќаат право на земјата
и гледаат земјоделец кој ја растргнува на сите страни замастената ораница
ларва која мрда во браздите
лоша ларва која ја прекинува врската на билката со земјата

Дедал вели:

Сине тоа не е точно Космосот е единствено светол
а земјата е само топка со сенки Гледај како си играат боите овде
правот се издигнува над морето чадот се извишува до небото
од најблагородните атмоми се појавува виножито

Икар вели:

Ме болат рацете татко од ова мавтање во празнината
нозете стануваат вкочанети и им недостасуваат трњата и острите камења
Не можам да продолжам да гледам кон сонцето како тебе татко
Потонав целиот во темните зраци на земјата

Опис на катастрофата:

Сега Икар прво паѓа главечки надолу
последниот кадар од него е краток блесок – малечок како дете
проголтан од ненаситното море
Горе таткото го оплакува името
што повеќе не припаѓа на некој врат или глава
туку само на сеќавањето

Коментар

Беше толку млад што не разбра дека крилата се само метафора
малку восок и предуви и презир за законите на гравитацијата
Не можам да го држам телото во лет на голема височина
Суштината е срцата
гонети од тешката крв
да ни бидат полни со воздух
а само ова Икар не сакаше да го прифати

да се помолиме

Превод од англиски: Иван Шопов
Слика: Питер Бројгел
, Падот на Икар

Слични содржини

Книжевност
Книжевност / Култура
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото