1039 hPa
75 %
2 °C
Скопје - Чет, 16.01.2025 22:59
Ненси Екхолм Буркерт (1933) е американска уметница и илустраторка која станува позната за пошироката јавност во 1961 година, со илустрациите за оригиналното издание на книгата „Џејмс и џиновската праска“ на Роалд Дал.
Во нејзините рани дела ја демонстрира својата вештина користејќи сенки и текстури со молив и јаглен, дополнително работејќи на деталите со дрвени бои, пенкало со мастило и водени бои. Нејзиното творештво покажува и одредени влијанија од ренесансата и ориенталната уметност.
Буркерт илустрирала дела од Ханс Кристијан Андерсем, Емили Дикинсон, браќата Грим, Дејвид Ларкин и Џон Апдајк. Подолу може да ги погледнете нејзините илустрации за книгата „Детски календар“ од Апдајк.
Извор: www.fairyroom.ru