Заедништво и индивидуализам

05.01.2010 13:11
maski-vrekji.jpg

Интересно е како новата мантра на македонското лидерство, кја се гледа во наводната постојана борба за заедништво и колективна гордост на Македонците, сè позабрзано дава спротивни резултати во практика. Како што реалната слика за нас Македонците од ден на ден станува сè потрагикомична, така расте и убеденоста на Македонецот во сопствената големина и правичност, која ете, никако да пркне поради индивидуализмот себичноста на околината и светот. И додека Македонците чекаат да се промени светот околу нив, не забележуваат дека самите сè позабрзано тонат – на индивидуално и, следствено, на колективно ниво.

Еден од најголемите стереотипи на кој секогаш жестоко му се спротиставувам е мислењето дека Американците се индивидуалистички настроена нација, и како последица од тоа, тие се ладни и морално-етички сурови. Неретко се слушаат фразите дека „во Америка ќе те остават да умреш на улица оти секој си гледа само за себе“, или уште популарниот само-утешителен став дека „ако немаш пари, во САД нема ни да те плукнат“. Сето ова се заокружува со ставот дека „можеби не сме богати како Американците, ама ние барем се држиме заедно“. Често тврдиме дека фамилијарните и пријателските врски во Македонија се некршливи и дека не ни треба богатиот запад и неговата морално уривачка нечовечност, зашто ние барем се држиме заедно, и тоа за никакви пари не го менуваме.

Богами, навистина се „држиме заедно“: тепаме лекари и болничари во име на правата на фамилијата, им се закануваме на сите кога станува збор за најблиските, ги вработуваме и местиме на одговорни функции без разлика дали се квалификувани или не, та дури и меѓусебно се убиваме во име „семејните врски и пријателства“. И сето тоа го правиме на сметка на сите кои не ни се „фамилија“. Па така, лекарската етика се применува само кога станува збор за „наши“, а наполно не важи кога станува збор за лица кои ги третираме како да се избегани од тв спот од ТВ Планета: „некој облечен во салфета од сукња со светликави карнери и во едно светликаво боди“.

Зарем некој навистина се изненади од последниот инцидент на хирушката клиника во кој се гледа дното на нашите одамна изгубени морални, етички и сеопшти општествени вредности? Можеби се изненадени новинарите кои нè известија за случајот и притоа побрзаа да одржат лекција за „етичност при извршување на професионална задача“ со тоа што ги покажаа сликите и индиректно го обелоденија идентитетот на сторителите, и притоа поеднакво ги нарушија нивните права? Можеби сме изненадени и од дел од коментарите кои повикуваат да се обелодени идентитетот на лекарката, како што на веб страницата повика извесна Билјана од Скопје, „да се напише името и презимето на ‘докторката’ за да може народот да ја осуди!“ Просто сме изненадени, како и секогаш, од заедничкиот капацитет како општество постојано да ги наведуваме граѓаните на однесување кое е спротивно на основните општествени и човечки вредности.

Што ќе ни се институции кога можеме сè да преземеме во свои раце. Тепаме лекари, учители, непослушници, бизнис конкуренти, комшии... сè во име на заедништвото и пријателството на кои може да ни позавиди светот.

Господ нека ни е на помош. А сè почесто го бараме спасот во Бога, а не во државата. А кога народот се надева на Бога многу повеќе отколку на политичката и институционална одговорност и помош, тогаш навистина станува збор за голема морално-политичка криза.

Мал е бројот на луѓе кои во животот се истовремено само добри и само лоши. Оттука, како што заклучува Александар Хемон, концептот на општественото заедништво е неопходна препрека за потенцијалното зло кое лежи во речиси секој поединец. Основата на моралните препреки не се индивидуалниот суд и спремноста за пресудување, туку јаката и функционална демократија во која децата уште од мали нозе се учат да бидат граѓани (а не колективни, национални субјекти) и каде што осознаваат како да живеат во заедница со другите и да ги почитуваат поединците. За жал, ваквото општество не постои на нашите простори, а нема ни да постои сè додека темелот на општеството е суверенитетот на народот, а не на поединецот. Сè додека нашите лидери во своите кампањи постојано ги „бранат“ правата на народот и нацијата, наместо на поединците; сè дотогаш, болните од СИДА, хендикепираните, лицата со посебни потреби, но и сиромашните, а и оние без „цврсти семејни врски“ ќе бидат оставени на милоста и немилоста на поединците од кои е сочинет нашиов беден, површен, непрофесионален и неморален македонски колектив.

Ваквото замислено заедништво е причината зошто елиминирањето на општествените проблеми со програми од типот на најновата идеја за наградување на „лекарите според тоа колку сработиле“, се секогаш само половично ефективни. Програмите се насочени кон резултатите од проблемите, наместо кон причините за истите. Нашите општествени проблеми не се посебни проблеми, туку посебни манифестации на еден поголем проблем: себичноста. Себичниот индивидуализам кој оди контра сите воспоставени општествени правила и морални норми, а којшто толку лекомислено им се препишува на „западњаците“, во суштина многу повеќе е наш општествен проблем.

Спротивно на нашиот индивидуализам, основите на западниот индивудализам лежат во индивидуланото морално право за стекнување со индивидуална среќа. Но, тежнеењето и потрагата по индивидуална среќа бара огромна доза слобода, иницијатива и лична одговорност, која се однесува не само на ниво на размена на стоки и материјални вредности, туку и на ниво на знаења, пријателство и сочувство со Другиот. Вистинскиот индивидуализам значи препознавање на индивидуалното право на живот, но истовремено и здружување со останатите за да се одбрани и зачува системот кој ги штити тие права. Едноставно, членовите на општеството можат да бидат здружени, а притоа да не ја изгубат индивидуалноста, ниту заложбата за општите индивидуални права и слободи.

Оттука, да, Америка е нација на индивидуалци, но индивидуалци кои наместо да се жртвуваат едни за други (и да се самоутешуваат со идејата дека се жртви), се разменуваат на взаемно корисен начин. Нација која не се обидува да докаже дека секој е одговорен за секој друг, туку нација во која секој е одговорен за себе и своите постапки. И тоа е делот кој ја прави моќна и силна во однос на оддржувањето на општествениот договор и институциите кои го штитат.

Тоа е делот кој сите ние никако да го научиме – од новинарите, до оние кои коментираат, спремни да им пресудат на „лекарките“ од хируршка клиника. Ние не сме жртви на несовесни лекари, политичари, бизнисмени, административци итн. Ние сме жртви на самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.

Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално настроено – напротив, тоа е уште посебично - од лекарското линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја запоставува сеопштата лична одговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.

Bravo

Bravo

Тоа е делот кој сите ние

Тоа е делот кој сите ние никако да го научиме – од новинарите, до оние training course кои коментираат, спремни да им пресудат на „лекарките“ од хируршка клиника. Ние не сме жртви на несовесни лекари, политичари, бизнисмени, административци итн. Ние сме жртви на toefl самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално online courses настроено – напротив, тоа е уште посебично - од лекарското линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја запоставува сеопштата лична gmat одговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото