Луѓе кои побегнале од современата цивилизација

04.07.2014 09:58
Луѓе кои побегнале од современата цивилизација

Под притисокот на стресниот живот на денешницата, голем број луѓе сонуваат за бегство од градот во природата, далеку од вревата и современите средства за комуникација. Меѓутоа, постојат и луѓе кои оваа релативно честа фантазија ја претвориле во свое секојдневие, како што покажува и последниот проект на францускиот фотограф Антоан Бруј.

Планинарејќи низ европските планини, во 2010 година Бруј запознал повеќе луѓе кои доброволно го напуштиле животот во градот и се населиле длабоко во дивината на шумите, жртвувајќи ја сета удобност на современиот живот за мирот и слободата кои ги овозможува животот во природа.

Во својата серија фотографии „Scrublands“, Бруј ги прикажува лицата и домовите на луѓето кои ги запознал и кои го угостиле на неколку дена или дури неколку недели. Некогашните професори, инженери, студенти, сите тие необични луѓе денес се издржуваат благодарение на природата и своите две раце: одгледуваат зеленчук, домашни животни, прават куќи од отпадни материјали, се учат на столарски работи...

Подолу можете да го погледнете нивното мирно секојдневие во дивината.

Извор: www.antoinebruy.com

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Живот
Фотографија / Психологија / Живот / Уметност
Фотографија / Живот
Фотографија / Живот
Фотографија / Екологија

ОкоБоли главаВицФото