Лајкувањето не помага

04.07.2014 11:42
Лајкувањето не помага

Дека многуте рекламни страгетии не мораат да бидат користени исклучиво за пласирање на производите на пазарот покажува и пописот од 40 кампањи кои порталот Boredpanda неодамна гo објави. Кампањите покриваат широк спектар на општествени и еколошки проблеми, од жртвите на насилство и дискриминација, до уништувањето на шумите.

Добриот дизајн со кој се постигнува пораката да остане подолго во сеќавањето на гледачот е токму тоа што е потребно за овие проблеми. За да се постигне тоа, повеќето кампањи претставени во оваа прилика играат на картата на емоциите на гледачот, бидејќи се покажало дека емоциите можат да имаат силен ефект врз формирањето на долготрајното сеќавање. Кампањите така ја зголемуваат видливоста на проблемот, влијаат на нашата свест за нив, и на тој начин поттикнуваат промени.

На приложените фотографии можете да погледнете како иднината ни е одредена од бојата на кожата, како исчезнуваат шумите и каде завршува отпадот кој го оставаме зад себе. Обрнете внимание и на кампањата која се пресметува и со сеприсутното лајкување. Како повик за волонтирање објавени се фотографии од тешко повредени деца опкружени со кренати палци (како симболот на копчето like на Фејсбук) и натпис „лајкувањето не помага“. Затоа, наместо да го кликнете „like“ на оваа статија, подобро одлучете да преземете нешто за да се реши некој од проблемите на денешницата.

Извор: pogledaj.to / boredpanda.com

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн
Графички Дизајн / Историја
Активизам / Графички Дизајн
Графички Дизајн / Историја
Активизам / Графички Дизајн
Активизам / Графички Дизајн

ОкоБоли главаВицФото