Сакањето на водачот

05.07.2014 09:43
Да се сака водачот

САКАЊЕТО НА ВОДАЧОТ

Сакањето на водачот е исто како
да се живее мирно да се пие сок
да се гледа телевизија навечер
да се грицка патем сончоглед
да се испегла кошулата
за на работа
да се пушти вода да се измијат нозе
да се облечат пижами

сакањето на водачот е исто како
да се излуфтира кујната да се стави
крпа преку измиените садови
да се гледа телевизија
да се задреме накратко во фотелјата
да се стане
да се измијат нозе да се легне во кревет
да се заспие во длабок сон

сакањето на водачот е исто како
да се грижите за својот автомобил
да се отвори хаубата да се избрише моторот
(со крпче за мотор) да се избришат
фелните (со крпче за фелни) да се избришат
прозорците (со крпче за стакло)
потоа да се влезе во станот
да се седне во трпезаријата
да се листаат огласи за работа
да се гледа теве

сакањето на водачот е исто како
да се пере бела облека да се стави
детергент каде што треба омекнувач
каде што треба на деведесет
да се пие кафе со комшиката
од седми да се разговара за
обични работи што ќе
готви и такви нешта
кога ќе замине да се прилегне на каучот
да се вклучи телевизорот

сакањето на водачот е исто како
да отпатувате на бања и да се надевате
на неочекувано познанство
да се капете во лековита кал
потоа да се вратите
да кренете ролетни да отворите прозорци
да гледате телевизија

сакањето на водачот е исто како
да се стругаат ноктите со насмевка
да се каже добар ден
директоре културно да се праша нешто
како како сте
да се пие кафе од голема шолја
да се повлекуваат димови од тенка
цигара да се чека петнаесетта
плата да се биде исправен
да се сака едноставно
да се сака водачот

*

вчера отидовме
на поклонение
беше рано немавме
ништо не
купивме бонбониери понесовме
само праски
од дворот


ДВА ВИЦА

1.

има еден многу смешен виц
за цигани
цигото
ја опнува циганката додека таа
копа по контејнерот
и мажот на натртената
прашува зошто ми ја ебеш
жената
а овој вели мислев
дека си ја фрлил разбираш
како тепих и го има оној
кога циганката му вели на братот
ти виси мрсул од носот
а тој ѝ одговара
не сери
сѐ изедов
а оној па
многу е смешен
кога циганот вели
откако низ селото има
водовод пичката
нема ни мирис ни вкус
а го знаеш оној

која е единица мерка за брзина кај циганите

контејнер на секунда

а кога циганка му пренесува
пицајзли на муjо и му вели
што сакаш ти бубамари
за десет евра
а оној краток
зошто служи тортата на свадба
за да не се лепат мувите врз
младата а има и еден
тој беше хит минатата година
стои циган на станица
чека автобус и доаѓаат
некои млади го прашуваат
што правиш тука
пичка ти мајчина циганска
си крадел нешто
не си
а дали барем си ебел пичко
не си
е сега ќе ебеш мајката твоја циганска
сега ќе го ебеш асфалтот
и така
зиг хајл
многу смешно

2.

има еден многу смешен виц
за србите
еден србин
опнува србинка додека таа
копа по контејнерот
и мажот на натртената
прашува
зошто ми ја ебеш жената
а овој вели мислев
дека си ја фрлил разбираш
како тепих и го има оној
кога мала србинка му вели на братот
ти виси мрсул од носот
а тој ѝ вели не сери
сѐ изедов
а дури оној
многу е смешен
кога србинот вели
откако во селото има
водовод пичката
нема ни мирис ни вкус
а го знаеш оној

која е единица мерка за брзина кај србите

контејнер на секунда

а кога србинката му пренесува
пицајзли на мујо и му вели
што сакаш бубамари
за десет евра
а оној краток
зошто служи тортата на свадба
па
за да не се лепат мувите
врз младата а има и еден
тој беше хит минатата година
стои србин на станица
чека автобус и доаѓаат
некои млади го прашуваат
што правиш овде
пичка ти мајчина
си крадел нешто
не си
а дали барем си ебел пичко
е сега ќе ебеш мајката твоја српска
сега ќе го ебеш асфалтот
и така
пак
зиг хајл
ама веќе не е смешно

Извор: Reč 84/30, Fabrika Knjiga, 2014.
Превод: Иван Шопов
Колажи: David Delruelle​​

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото