Еволуција на постерите за Светското фудбалско првенство

07.07.2014 09:39
Еволуција на постерите за Светското фудбалско првенство

Првото Светско фудбалско првенство одржано во Уругвај 1930 година имало неславен увод, неверојатно интересни анегдоти и скандалозни заплети и расплети. Учествувале 13 земји, а малку фалело да нема претставник од Европа. Одлуката за домаќин на првиот мундијал е донесена на конгрес на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во 1928 година, кога е проценето дека би било добро пионерскиот потфат за заживее на јужноамериканско тло и во татковината на шампионот на Олимписките игри од 1924 и 1928 година.

Лути што ФИФА одлучила првенството да се игра во далечниот Уругвај, земја до која се патувало бескрајно долго, европските репрезентации (Италија, Шведска, Холандија и Шпанија) два месеци пред почетокот на натпреварувањето одбиле да дојдат на Мундијалот.

Во историјата на првенството најуспешна е репрезентацијата на Бразил со 5 титули (1958, 1962, 1970, 1994, 2002), следи Италија со 4 (1934, 1938, 1982, 2006), потоа Германија со 3 (1954, 1974, 1990), Аргентина (1978, 1986) и Уругвај (1930 и 1950) со по две титули и Франција (1998) и Англија (1966) со по една титула.

Оваа колекција постери од претходните 84 години од постоењето на Мундијалот не само што го содржи личниот печат на секој од дизајнерите, туку и она што секој од нив го забележал за актуелните трендови во одреден историски момент.

Извор: e-novine