Светот се мајтапи со Бразилците по катастрофалниот пораз од Германија

09.07.2014 11:58
Светот се мајтапи со Бразилците по катастрофалниот пораз од Германија

Веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Бразил и Германија, кој Германците го добија со неверојатни 7-1, интернетот беше просто преплавен со подбивни коментари, слики, фотомонтажи и видео клипови.

Дури и легендарниот Марадона објави провокативна фотографија на која со прстите го покажува бројот седум, алудирајќи на неверојатниот број примени голови на Бразилците.

Нема никаков сомнеж дека овој пораз ќе остане запаметен со децении и уште долго ќе ги боли сите навивачи на Бразил. Бројните досетки на сметка на бразилската фудбалска репрезентација за некого сигурно ќе бидат сол на рана. За други, пак, можеби ќе делуваат терапевтски, па преку шегата на своја сметка полесно ќе го преболат она што синоќа се случи во Бело Хоризонте.