1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 06:59
CBD, Shanghai, China
Без оглед на помалата или поголема умешност на фотографот да направи убава фотографија, она што прво го гледаме кога се среќаваме со нова фотографија е нејзинот објект, она што авторот одлучил да го фотографира. Така, соочени со серијата фотографии BRICS на Маркус Лион, прво го гледаме густиот урбан пејзаж. Насловите на одредени фотографии ни даваат до знаење дека станува збор за градови како што се Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Москва, Шангај, Мумбај и Чонгкинг.
На некои прикази тоа урбано ткиво на градот е збирштина од облакодери на современите деловни квартови, некаде тоа се современите сламови, а некаде непрекидната низа станбени блокови на модернистичкиот урбанизам. Дури насловот на целата серија фотографии ја открива вската помеѓу градовите и мотивацијата на авторот да ги фотографира. Во економскиот жаргон BRICS е акроним за Бразил, Русија, Индија, Кина, и подоцна приклучената Јужна Африка, кои претставуваат група држави кои поради искористувањето на природните ресурси и производството стекнаа статус на нови економски велесили. А економскиот раст со себе повлекува и масовна урбанизација.
* Centro, São-Paulo
Во изјавата која ги придружува фотографиите на сајтот на авторот, тој го објаснува тоа вака: „Во 2008 го преминавме прагот и светот се соочи со неповратна смена на мнозинското рурално население со нови редови на урбани жители. Трендовите на масовна урбанизација предвидуваат дека светската урбана популација двојно ќе се зголеми во следните четириесет години. Градовите од земјите во развој ќе носат 95% од растот. Тоа се мегаградовите на економиите на BRIC, урбаните гиганти Бразил, Русија, Индија и Кина. Тие градови го привлекуваат руралното население ветувајќи му подобри плати и подобар квалитет на жвотот, но деликатната рамножежа помеѓу растечката популација и ограничениот физички простор ја одредува човечката состојба.“ Така размерот на фотографиите ни го открива бесконечниот урбан систем кој настанал како последица на економскиот напредок. Системот кој го отстрани човекот од полето на видливото. Гледајќи ги фотографиите на Лион, со причина чувствуваме и доза немир и се прашуваме: дали тоа е нашата неизбежна иднина?
* Chongqing, China
Со претставување на светот во голем размер, авторот се занимава и во серијата фотографии „Егзодус“. Претставувајќи ги клучните теми на глобализацијата, како што се движењето на стоките и луѓето, Лион повторно го поставува прашањето за позицијата на поединецот во современото општество.
*Yugo-Zapadniy Okryg, Moscow
* Santa Teresa, Rio De Janeiro
* Ghatkopar Wadi, Mumbai, India
* Cumballa-Hill, Mumbai, India, 2010
* Dubai, UAE, iz serije EXODUS II
* London, VB, iz serije EXODUS III
* West Lamma Channel, South ChinaSea, EXODUS VI
Извор: pogledaj.to