Како можеа да бидат спречени насилните протести?

11.07.2014 09:19
Како можеа да бидат спречени насилните протести?

1. Со тоа што наместо приоритет на власта да биде изградба на лажно минато на македонскиот народ, би бил изградба на инклузивно општество кое ќе се базира на граѓанскиот, наместо на етничкиот фундус.

2. Со тоа што би постоеле: независно судство, независен народен правобранител, независна комисија против корупција, независна комисија за заштита од дискриминација, независен јавен обвинител и контролирана полиција.

3. Со тоа што полицијата на чело со Гордана Јанкуловска немаше да си дозволи поттикнување на национална и верска омраза во моментот на започнување на истрагата во врска со убиствата кај Смиљковското езеро.

4. Со тоа што ќе се спроведеше законски издржана процедура на собирање докази.

5. Со тоа што во целата постапка на сите нивоа ќе беа вклучени припадници на албанската етничка заедница во Република Македонија.

6. Со тоа што ќе судеше независен и непристрасен суд.

7. Со тоа што немаше да биде дозволено процесот да го води јавен обвинител кој е етнички и верски оптеретен.

8. Со тоа што немаше да биде дозволен завршен збор во кој јавниот обвинител повикува на национална и верска омраза.

9. Со тоа што политичките врвови на доминантните политички партии ќе работеа на терен со цел смирување на страстите.

10. Со тоа што наместо кутра марионета за претседател ќе имавме нормален човек со барем пола грам мозок во главата.

Извор: Фејсбук профилот на авторката