Првата светска војна во еврејското сеќавање

11.07.2014 10:49
Првата светска војна во еврејското сеќавање

На страната на Германија во Првата светска војна се бореле околу 100.000 Евреи. Десетици илјади од нив загинале или биле тешко ранети. А земјата за која војувале, очигледно го заборавила тоа и набрзо ги отфрлила.

 

Две жени на цртежот на Макс Либерман, една лелека, друга положува цвеќе на нечиј гроб. Тага и побуна во исто време. Делото настанало во дваесеттите години на минатиот век. Кустосот Инка Берц е задолжена за збирката на Еврејскиот музеј во Берлин.

Дали е точно тоа дека еврејските војници пожртвувано се бореле на страната на Германија и Австрија во Првата светска војна?

Во Првата светска војна учествувале многу еврејски војници. Тоа дека се бореле со големо одушевување - новите истражување донекаде ја доведоа во прашање таа теза. Не верувам дека многу се разликувале од своите соборци кои не биле Евреи, било да станува збор за нивното одушевување или за скептицизмот, за што исто така имаме многу назнаки.

Повеќето изложени предмети потекнуваат од заоставштината на разни семејства. Прикажани се поединечни, лични судбини, кои секако укажуваат на општите настани. За какви експонати точно станува збор?

Ќе наведам еден пример: Тоа се предмети кои навистина се трагични, на некој свој начин - станува збор за одликувања кои им се доделени на учесниците во војната 1934, по повод дваесетгодишнината од почетокот на овјната. Всушност, кај еврејските семејства тие секогаш ги будат сеќавањата на прогонството и дискриминацијата кои постоеле уште тогаш.

Секогаш е присутна таа напнатост помеѓу припаѓањето, сеќавањето на учеството во Првата светска војна, на припадноста на нацијата и потоа на одвојувањето кое уследило. Напнатоста помеѓу тие два пола е причината поради која еврејските смејства ги предадоа овие предмети на Еврејскиот музеј. Верувам дека тоа е клучно. Самиот чин на предавање на тие предмети на музејот, тоа е ретроактивно спознание, ако сакате, на тие искуства - припаѓањето и разграничувањето.

Изложени се и црно-бели фотографии, стари шлемови, дневници, но и дела на еврејски уметници како што се Херман Штрук, Јакоб Штајнхарт или Ернст Оплер, кои биле на фронтот како војници. Како делата на тие уметници сведочат за нивните впечатоци од војната? Дали тие на почетокот биле еуфорични како нивните колеги Франц Марк или Ернст Лудвиг Кирхнер или преовладуваат мотивите на обвинување?

Има и скептични и секако, обвинувачки мотиви. Прво во низата такви дела е автопортретот на Герт Волхајм, кој изгледа многу сомничаво во својата униформа, и еден цртеж од Лудвиг Мајднер посветен на сеќавањето на својот пријател Ернст Вилхем Лоц кој неодамна загинал, во збирката „Војна“. Тоа е едната страна.

Секако, имало и уметници кои го ставиле својот талент во служба на војната, кои соработувале на овие збирки: „Воено време“, „Војна и уметност“ и така натаму. Тука треба да се спомене Макс Фабијан. Тука се и уметниците кои се ангажирале како уметнички, така и политички, а и како посредници. Тоа се луѓе како Херман Штрук, кој во окупираната Литванија бил задолжен за контакт со цивилите од еврејска националност. Сето тоа ги претставува најразличните реакции на еврејските уметници во Првата светска војна.

Дали постојат и сосема приватни документи, на пример одломки од дневници?

Имаме цела низа воени дневници во збирката. Можеби највпечатлив е записот на еден младич од 31 јули 1914, во кој под насловот „Војна“ многу јасно се предвидени сите ужас и стравотии кои ги носи војната.

Извор: Deutsche Welle

ОкоБоли главаВицФото