Пасиониран собирач на сликички менува едно од своите близначиња за пополнет албум Мексико ’86

11.07.2014 12:48
Пасиониран собирач на сликички менува едно од своите близначиња за пополнет албум Мексико ’86

Скопје, 11 јули 2014

Пасионираниот собирач на сликички од Панини, 40-годишниот Мирче Николов, меѓу пријателите познат како Мирче Сликица, објави оглас во кој нуди замена на еден од своите синови близнаци за пополнет албум од светското првенство Мексико ’86.

„Некогаш го имав тој албум, но сосема е упропастен од една поплава во нашиот стан, кога жена ми ја заборави чешмата, а мијалникот беше затнат. Инаку, избегнувам да ги држам албумите на опасни места, најчесто ги чувам на врвот од орманот, но овој му го покажував на еден мој пријател и го заборавив на масата пред да излезам од дома. Мачката го турнала на подот и така останав без тој скапоцен албум. Кога само ќе помислам колку ја барав последната сликичка од еден Мароканец, ме фаќа очај“, се жали Мирче.

Тој вели дека сака да ја обнови својата колекција и повторно да дојде до скапоцениот албум кој му значи многу, па решил дека размената е најдобар начин.

„Сопругата пред шест месеци роди близнаци, исти, личат ко јајце на јајце, ниту јас не ги разликувам, што значи дека имам едно дете вишок. Затоа нудам едно од моите дупликатчиња во замена за алумот Мексико ’86“, вели Мирче.

Тој објаснува дека треба да биде заменет синот кој е помлад 10 минути, бидејќи тој е всушност дупликатот, додека постариот син е оригиналот. Само, прашање е дали ќе можам да препознаам кој е кој.

Извор: nasapatka.rs