Патот на смртта: 19 години од масакрот во Сребреница

11.07.2014 14:22
Патот на смртта: 19 години од масакрот во Сребреница

Секоја година 11 јули буди болни сеќавања кај луѓето кои го преживеале геноцидот во Сребреница и Патот на смртта. Таквите глетки никогаш не избледнуваат и не можат да бидат едноставно потиснати, а овој датум секогаш ги буди сеќавањата.

Ахмед Бајриќ, предвоениот соработник на беглрадска Политика и Oslobođenje, денес дописник на повеќе медиуми во БиХ, во јули 1995 година бил единствениот фоторепортер во Сапна, кога на слободна територија стигнале жителите на Сребреница кои го преживеале Патот на смртта.

Бајриќ им ги отстапил фотографиите на колегите од странство кои ги рашириле низ целиот свет. „Ги чекав луѓето кои доаѓаа и се пробиваа, каде населението им даваше прва помош и ги чекаше. Во тој момент беше навистина тешко. Беше жално да ги гледате тие луѓе, изнемоштени, исцрпени. Кога доаѓаа, не бараа прво ниту вода ниту храна, туку прашуваа за некого, кој поминал, татковците ги бараа синовите, децата татковците. Повеќето плачеа“, раскажува Бајриќ.

Околу 3.000 луѓе, деца, постари лица и борци тогаш преминале на слбододна територија. Сите биле изнемоштени и исцрпени. Бајриќ во 2009 година го сними и документарниот филм „Патот на спасот“ во кој разговара со некои од луѓето од неговите фотографии и снимките кои ги направил неговиот колега во јули 1995 година.

Бројот на убиените босански муслимани во Сребреница се проценува на нешто повеќе од 8.000 луѓе.

Извор: e-novine