1010 hPa
50 %

23 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 10:59
Меѓународната организација Masters Athletics во своите активности вклучува спортисти постари од 35 години, а на нивните годишни собири и трки кои се одржуваат во сите делови од светот, не се ретки ниту учесниците постари од 99 години.
Фотографката Ангела Хименез, некогашна фрлачка на копје, посетила еден ваков настан и била потполно фасцинирана од спортистите во своите поодминати години. Од нејзината фасцинација се родила серијата фотографии Racing Age која ги претставува постарите лица кои го победуваат стереотипот на старечката немоќ.
Мажите и жените од фотографиите на Хименез, чиишто лични документи докажуваат дека ја преминале осумдесеттата или деведесеттата година, трчаат на 100 метри, фрлаат копје, скокаат со стап, фрлаат ѓуле... а нивниот дух ги победува и далеку помладите спортисти.
Извор: www.angelajimenezphotography.com