1023 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 11:40
И сега среќен ли си, бре, политичка цепаницо недоделкана? Виде ли до каде ќе дотера твоето играње курташак со меѓуетничките односи? Виде ли колку е опасно да се биде несериозен и калкулант кога се во прашање меѓуетничките односи и соживотот во една постконфликтна држава како нашата, во која имало војна и стотици загинати и ранети и илјадници раселени?
Целата твоја политичка кариера е изградена на хејтање и ловење политички поени врз албанското прашање. Уште од почеток крена голема врева за референдумот за територијална организација. Потоа откако дојде на власт цело време користиш опасна реторика, за сето тоа да кулминира со пречекот на Јохан Тарчуловски и со тоа, ставање сол на незараснатата рана од 2001 и убиствата кај Албанците од тој период! Ти и Хорхе со пречекот на Јохан им бркнавте со прст во око на Албанците! Потоа целата кампања од последните избори ја водеше на албанското прашање?!
Цело време, целата твоја политичка кариера, ти Грујче, ја ’рчкаше мечката у пичка, како деликвентско недораснато детиште, дерле, шилеже и сега кога мечката рикна и крши по главниот град, ти реши да ја тешиш со интервју за вториот канал на МТВ... Не бе, Грујо, ние ќе ја плаќаме долги години цената за твоето премиерствување, што на меѓуетнички план, што на финансиски план, што на секој можен друг ебен план.
А колку само си смешен! Ти си мислиш дека субвенциите за странските инвеститори и роуд-шоуата по целиот свет ќе ја кренат оваа земја на нозе. А не разбираш дека едно појавување на Македонија среде вестите на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си значи поништување на неколкугодишни рекламни кампањи „Invest in Macedonia“, и стотици конференции и посети по светските саеми и бизнис форуми, затоа што никој не сака да вложува во земја која е пред ЕКСПЛОЗИЈА!
Но, ти не си до толку глуп па да не го знаеш тоа. Ти си само еден политички хазардер, одиш на сѐ или ништо, ризикуваш, тебе ти е важно да имаш тотална апсолутна власт, а последиците ги решаваш од ден на ден и не им се мислиш многу колкави ќе се и дали ќе ја потопат Македонија! Твоето мото е колку владеам - толку, кога сѐ ќе отиде бестрага, шоуто ќе заврши, а понатаму ќе се трошат милијардите, затоа што уште кога си бил во опозиција ти си договарал милиони. Колкави ли суми си договарал сега како премиер во текот на осум години, тоа само господ знае!
Ти беше свесен беше дека немаш харизма и ораторска моќ, ниту пак државнички изглед, па реши политичката кариера да ја базираш врз национализам, социјализам и диктатура. Од првото ќе завршиме во војна, од второто ќе банкротираме, а од третото ќе завршиме како мрачна африканска / курдистанска вукојебина!
Извор: Мактел, 11.07.2014
Сликa: Свирачиња