1022 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 16:59
Накратко, сицилијански криминални групи - кланови и фамилии - настанати кон крајот на XIX век, познати уште и како Коза ностра; „држат“ одредени територии како свои. По образецот на мафијата, делумно преку италијанските имигранти, во светот настануваат слични организации во САД, Канада и Австралија. Истовремено со јавната фасцинација - уметничката, пред сѐ литературната и филмската - поимот почнува да ја означува секоја организирана криминална група, па на сцената се појавуваат сѐ понови и понови, на пример, кубанската, чеченската, албанската, руската...
Етимологијата на зборот е нејасна и се поврзува со арапскиот mahyas или marfud, сицилијанското mafius, кои главно означуваат отфрлени, крупни, насилни и ним слични ликови, додека придавката mafiusa опишува заводлива убавица.
Во јавниот говор тој синоним за криминална организација влегува во 1863 година со изведба на драмата „I mafiusi di la Vicaria“ на Џузепе Рикото и Гаспаро Моска - иако мафијата во делото, освен во насловот, никаде не се споменува. Официјално, зборот мафија првпат го употребил префектот на Палермо, Антонио Гвалтерио, во еден извештај од 1865, а како „индустрија за насилство“ првпат го опишал Леополдо Франкети во 1876.
Пред 5 октомври имавме Фамилија на власт, а од тогаш само излегуваат разни мафии. Тутунска, станбена, ѓубреџиска, сообраќајна, градежна, стечајна, просветна, фудбалска... Сѐ до најновата, гулабарската. Ако издржиме на тој пат, цел народ ќе стане мафија. Што ќе правиме со толку кумови?
Извор: vreme.com
Слика: D RT