Скопските крадци се жалат: премалку луѓе отишле на одмор!

14.07.2014 12:38
Скопските крадци се жалат: премалку луѓе отишле на одмор!

Скопје, 14 јули 2014

Кризата си го направи своето и скопските арамии немаат многу празни станови кои се спремни за обивање и ограбување. Aко продолжи ваквиот тренд, тие ќе мораат да се пријават во Aгенцијата за вработување.

 

Крадците во Скопје деновиве минуват низ вистинска криза во своето работење. Имено, нивниот промет е послаб од кога било и тоа не поради ефикасното работење на полицијата. За време на туристичката сезона, кога најголем дел од граѓаните одат на море, тие очекувале раст на приходот од барем 50%. За жал, кризата си го направи своето, така што сопствениците на становите кои можеби сакале да ги ограбат останале дома. Поради тоа, кризата ги доведе скопските провалници пред нови предизвици.

„Едвај некако успевавме да работиме со крадење на лоша бела техника, криминално евтини телевизори кои со својата цена не ги оправдуваат ни трошоците за обивање на бравата, но со ваквиот тренд на ненапуштање на домовите за време на годишните одмори, доведени сме пред ѕид. Ако граѓаните останат дома, нашето работење ќе биде доведено до блокада и ќе мораме да станеме чесни и да се пријавиме во Агенцијата за вработување. Тоа е нешто што многу од нас никогаш немале намера да го направат“, вели А.М. (податоците познати на полицијата).

Како решение за овој проблем, А.М. бара интервенција од државата и принудување на туристичките работници и угостителите да ги намалат своите цени, или пак субвенционирање на одењето на одмор за одредени категории на граѓани.

Извор: www.news-bar.hr