Ало Сорос, не си фер... Да живее владата!

15.07.2014 09:33
Ало Сорос, не си фер... Да живее владата!

Ало, СОРОС, а бе од која планета дојдовте? Кај сте виделе бе вие во државава да се дава завршна сметка за поарчени туѓи пари за медиуми, а? Ај што сте дале завршна сметка, ама цел свет у Македонија ви се чуди на лудилото бре и ви се смее колку многу пари сте поарчиле на седум, еј, на седум интернет медиуми што ја критикуваат владата, бе алоо…?

Ни една телевизија да се немало, нит едно радио, па овај, стварно бе Милчин, мислам, дај бе друже те сметавме за поискусен у овие работи, ама вака бе брат, испаѓаш лаик и невиден пацер?

Па кај си видел бе Владе, владата јавно да дава завршна сметка за реклами, а? Си видел ли бе друже некад завршна сметка од ДПМНЕ за реклами? Си видел ли некад некој документ кај што пишуе толку и толку милиони отишле од владата или од ДПМНЕ на тие и тие медиуми?

Па не си видел бе Милчин, нит па ќе видиш, ебаго. Па нели гледаш дека и владата и ДПМНЕ се за жалење бе брат. Ниту еден медиум немаат што тие го финансираат бе друже. Сите седум си им ги земал бе Владе. Па безобразлук е тоа невиден.

Научи се бе пријателе еднаш, иначе вака ако продужиш и у будуќност, мислам, јавно да кажуеш што каде и колку си дал од парите на Сорос за да се напаѓа владата, колку медиуми држиш под капа, не само што предизвикуеш нервоза на нервна база кај владини институции, пошто тие владини експерти унапред знаат дека само една третина пријавуеш, ваљда од експертско искуство, јебемлига, него, врло евентуално можеш да предизвикаш и владин лом на база на нервен слом од транспарентност, а тоа више не е у реду.

Угледај се на оваа прекрасна влада, бе Владе. Ова најдругарски, мислам, стварно, ама не си фер… Да живее владата!!!

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња