Спасени избори

15.07.2014 10:07
Спасени избори

Изборите во Словенија во нечовечко време (13 јули) покажуваат дека сè уште има такви кои летуваат, дека сиромашните дома губат надеж во граѓанските права, и дека оние кои по секоја цена сакаат да гласаат сè уште претставуваат повeќе од половина од гласачкото тело. Учеството не достигна ни до 60%. Победи Миро Церар, кој партијата со свое име ја основа пред еден месец - баш како и Зоран Јанковиќ (ПС) пред три години. Во двата случаја, граѓаните на Словенија гласаа против Јанез Јанша. Успехoт на Церар има уште некои елементи - на предигра (татко олимписки победник и југословенски спортски споменик), изгледа како уредно момче, но во текот на кампањата не даде ниедна прецизно дефинирана политичка ориентација која би го означила. Не е нова појава - веќе со години во сите мерења на јавното мислење победуваат Борут Пахор, шампион на кротката безначајност, и Јанез Поточник, исто така уредно момче и европски кариерен службеник кој никогаш не направил нешто важно за Словенија. Зад Церар, барем на почетокот, стои солидна стручна група, некои професори и воопшто елита без лошо минато. Дали ќе се определи лево, десно или во средина, кога и колку, останува да се види. За Церар гласаа сите кои во другите партии, леви и десни, сфатиле дека ѓаволот ја однел шегата, и побегнале на време.

Партијата на Јанез Јанша (СДС) е втора на листата и означува не само стабилна слаба четвртина од секта повеќе отколку партија меѓу граѓаните, туку и пионерска дисциплина на членовите. Бидејќи водачот на партијата е во затвор, правосилно осуден, СДС ги прогласи изборите за незаконски, вети дека селективно ќе учествува во работата на собранието и дека со други средства ќе се обиде и ќе успее да го сруши ненародниот тоталитарен режим: меѓу нејзините пратеници веќе се споменати затвореникот Јанша, како и вообичаениот состав на најлошите кловнови и кловнеси.

Третата избрана партија е ДЕСУС, чијшто стенд-ап претседател ја предводи популацијта на пензионери и досега ги проба повеќе или помалку сите министерски позиции, добивајќи ги со тргување и уцена. Постои оправдан страв дека ќе избере уште некоја министерска фотелја.

Четвртата е ЗЛ, здружената левица, составена од многу млади и главно егзотични партии кои се залагаат за социјализам, екологија и други цели дефинирани на уличните побуни пред две години. Бидејќи од тогаш немаше избори на кои граѓаните би ги избрале, тоа е сјаен доказ дека граѓаните се сеќаваат на побуната, дека ги прифаќаат нејзините цели и дека, накратко, не ги даваат. Тоа е далеку најголемиот изборен успех.

Традиционално успешните социјални демократи (СД) изгубија добар дел од својата изборна база, партијата на премиерката Аленка Братушек успеа да влезе во собранието, а другата страна на фракцијата на ПС на Зоран Јанковиќ мизерно изгуби. Виновник е, како што и самиот призна, Зоран Јанковиќ, кој го направи расцепот во најлошиот можен момент, и сè уште се надева на победа на изборите за градоначалник (трет пат).

Во собранието успеа да влезе и Нова Словенија (НС), која ја одржува христијанската традиција и умерената ограниченост во ставовите: наградени се, меѓу другото, и поради тоа што католичката црква во ликот на намесникот надбискуп отворено застана на страна на Јанша и СД, и многу пастири во црквите отворено го наговараа стадото да гласа за Јанша.

Надвор од парламентот останаа и партиите чиишто водачи неодамна се избрани за европски пратеници: да се разбере тоа, значи да се разбере Словенија - оценето е дека тоа им е таман и дека не им треба повеќе.

Вистинските резултати од изборите ќе се препознаат во разговорите за коалиција. Ако ништо друго, Церар одлучно одби да соработува со партијата која не го почитува законот (СДС). Колку мирни ноќи можат да очекуваат граѓаните на Словенија, воопшто не е извесно. Да се задоволиме со оваа.

Извор: Peščanik, 14.07.2014.

ОкоБоли главаВицФото