ЛЕД лампа која не користи електрична енергија

16.07.2014 10:31
ЛЕД лампа која не користи електрична енергија

Дизајнерката Даниела Троф која живее и работи во Бруклин ја претстави својата ЛЕД лампа која не користи електрична енергија. За лампата да функционира, доволно е искористувањео на кинетичката енергија на песокот, кој паѓајќи како во песочен часовник ја обезбедува потребната енергија за ЛЕД лампата.

Циниците коментираат дека користењето на ваквите лампи во канцелариите не заштедува многу енергија, а пронајдокот на Троф е „шминкерски“, но дури и ваквите ЛЕД лампи можат да дадат свој придонес во штедењето електрична енергија.

Со својот едноставен дизајн и шармантното потсетување на старите песочни часовници, лампите на Даниела Троф, освен што изгледаат одлично, можат да послужат и како инспирација и потсетување на потребата од рационално и ефикасно користење на енергијата.

Извор: inhabitat.com

ОкоБоли главаВицФото