Винтиџ сликовници: Пинокио од Лоис Ленски

16.07.2014 11:51
Илустрации за „Пинокио“ од Лоис Ленски

Лоис Ленски (1893-1974) е популарна американска писателка, која најголем дел од своето творештво го посветила на литературата за деца. Ленски самата ги илустрирала своите книги, но работела како илустраторка и на голем број книги за деца од други автори.

Родена е во Спрингфилд, Охајо, но во 1915 се преселува во Њујорк за да студира на Art Students League. За време на студиите и првите неколку години откако ги завршува, се занимава со цртање честитки и реклами за модни списанија.

Во 1929 година се преселува во Харвинтон, Конектикат, каде се случува пресврт во нејзиното творештво. Неколку месеци по раѓањето на нејзиниот син Стивен, инспирирана од него, започнува да се занимава со пишување и илустрирање на детски книги.

Подолу ги претставуваме илустрациите на Ленски од „Пинокио“ (1946). Славната приказна на Карло Колоди во оваа сликовница е адаптирана од Ален Чафи.

Извор: myvintagebookcollectioninblogform.blogspot.com