1017 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Нед, 16.02.2025 06:59
Во Конвенцијата за права на децата се вели дека детето има право на одмор, слободно време и игра соодветна за неговата возраст, можности, желби и способности. Преку играта детето го истражува светот и го открива своето место во него.
Со цел остварување на ова право, градовите на почетокот на XX век ги формираат детските игралишта. Токму тие игралишта, кои денес во својот изворен облик исчезнуваат под притисокот на безбедносните стандарди и премногу внимателните родители, во последните пет години ги документира американската фотографка Бренда Биондо.
Ракетите, големите лулашки, стрмоглавите тобогани, полека стануваат дел од историјата, а денес ги заменуваат побезбедни структури за искачување кои, според зборовите на стручњаците, се подобри за развојот на физичките и социјалните вештини на најмладите. Така, поради грижа за безбедноста на децата, од јавниот простор на градот се брише меморијата на детствто на сите генерации кои пораснале во XX век. Сеќавањето на нив преживеало само на фотографиите кои ги документираат игралиштата настанати меѓу 1920 и 1975 година во САД. Како такви настанале кога Движењето за реформи се обидело да создаде безбедно место за играње на децата и така да ги тргне од опасните улици.
Со тек на време игралиштата станале места за собирање на локалната заедница и така добиле своја вредност во урбанистичката ревитализација на градот. Истата гаранција за безбедна детска игра која била мотив за настанување на ваквите места денес целосно се доведува во прашање.
Извор: pogledaj.to