Слобода за ГТЦ!

18.07.2014 18:08
Слобода за ГТЦ!

Јас сум во ГТЦ речиси секој ден. Често јадам пица во Џино, фалафел во Аладин (арапскиот), пијам еспресо со холандски колач во Плаза де Торос, купувам гаџети, кондури, играчки, цигари, весници, гардероба...

Бидете сигурни дека во ГТЦ, онака претворен во ќенеф, нема да влезам. Никогаш. Такви како мене има многу. Што прават и дуќанџиите? Дали и тие ќе излезат? Што прават архитектите, студентите, уметниците, административците, новинарите, биснисмените, работниците и безработниците, клошарите и шминкерите, рокерите и џезерите? Што прават оние што носат кондури наместо опинци? Знам дека не им е сеедно. Знам и дека мислат дека е залудно. Не е! Ако ништо друго, ќе остават запис дека не ја сведнале главата без отпор под сабјата на грабежливите примитивци!

Другарот Васко Лазаревски е во право кога вели дека тие што велат #госакамГТЦ (значи, многумина од нас), треба да бидат пред општина Центар.

Има ли луѓе што го сакаат Скопје, луѓе со минимум вкус, чувство за урбано живеење и трошка храброст? Ако да, тогаш треба да се појават пред О. Центар и да оспорат каква било сељачка одлука на општинскиот совет.

Знаеме дека Шиповиќ и други се под притисок. Ако до вчера велевме Слобода за Шиповиќ, сега не смееме да се откажеме од неговата слобода и слободата на другите советници кои се обидуваат да го одбранат ГТЦ.

Треба да побараме нивната одлука да се оспори ако гласаат за убиство на уште едно скопско обележје. Ќе им помогнеме на тој начин, а така ќе си помогнеме и себеси да не го посељачат Скопје до крај. Има уште само пар точки кои не се освоени.

Треба да ги одбраниме!

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слични содржини

Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото