Момче ни после 10 денови вежбање не изгледа совршено за на море

19.07.2014 13:06
Момче ни после 10 денови вежбање не изгледа совршено за на море

Скопје, 19 јули 2014

22-годишниот Игор Блажески, студент од Скопје, оди во вежбална веќе десет денови, но и покрај тоа сè уште нема совршен изглед за на море, дознаваат Пара вести.

Ова момче спомнува дека во текот на минатите десет денови одел во вежбална речиси секој ден, но и понатаму не изгледа онака како што замислил кога ја платил членарината.

„Кога одлучив кон крајот на јули да одам на Крф со другарите, ми беше јасно дека не сум баш во најдобра форма и морам да почнам со вежбање. Сепак, колку и да вежбав минативе денови, сè уште не изгледам како луѓето чиишто слики се закачени во вежбалната“, вели Игор, и додава дека повеќе пати го прашал инструкторот дали правилно ги изведува вежбите бидејќи не забележува некој поголем напредок, но овој го уверувал дека никаде не греши.

Игор вели дека олеснителна околност е тоа што оди на море дури за десет денови и уверен е дека до радикален пресврт ќе дојде во текот на следната недела.

„Многумина кои се занимаваат со овој спорт велат дека е потребно некое време за да се види промената, така што можеби е логично до неа да дојде дури после две недели“, раскажува овој студент и напоменува дека сега почнува по малку да се кае што сепак не го уплатил летувањето за првата половина на август.

Извор: www.njuz.net