Господине Обама, имате ли срце?

21.07.2014 09:28
Господине Обама, имате ли срце?

Проф. д-р. Мадс Гилберт упати потресно писмо до претседателот на САД Барак Обама во кое ја опишува состојбата во болницата Шифа во Газа, во која со натчовечки напори се обидува да ги спаси недолжните цивили.

 

Драги пријатели,

Минатата ноќ беше исклучително тешка. „Копнената инвазија“ на Газа резултираше со мртви, крвави, распарчени и тешко повредени Палестинци, цивили, невини жртви...

Хероите во амбулантите и сите болници во Газа работат во смени од 12 часови. Бледи се од замор и од натчовечките напори (без плата во болницата Шифа изминатите четири месеци). Но, тие се грижат, се обидуваат да бидат разумни во хаосот од безживотни тела од сите големини и возрасти, екстремитети, оние кои можат да одат и оние кои се неподвижни, оние кои крварат и оние кои искрвариле, оние кои дишат и оние кои издивнале. Луѓе!

Сега, „најморалната армија на светот“ ги третира тие луѓе како животни.

Мојата почит кон ранетите нема граници. Во нивната одлучност да помогнат среде големата болка, страдање и шок, мојот восхит кон болничарите нема граница. Мојата блискост со Палестинците ми дава сила, иако често сакам да вреснам, цврсто да го прегрнам детето покриено во крв, да го заштитам со прегратка... Но не можам да си го дозволам тоа. Не можат ни тие.

Повторно бледи лица. О, не! Повторно пристигнуваат десетици повредени. Локви крв во амбулантата. Купишта крпи натопени во крв. Чистачите со лопати ја чистат крвавата облека, парчињата ткиво, косата на убиените. А сето тоа за сè да биде спремно за следните жртви. И потоа сè од почеток.

Примивме повеќе од 100 луѓе во последните 24 аса во болницата Шифа. Премногу и за добро опремена болница. Ние овде немаме струја, вода, лекови, кревети, инструменти... Но тие херои, болничарите, не се жалат. Одлучно продолжуваат со својата работа.

И додека ви ги пишувам овие зборови, сам, на креветот, моите солзи течат, топли, но бескорисни солзи од болка и тага, бес и страв. Ова не се случува!

Токму сега, оркестарот на израелската воена машина повторно ја почнува својата грозна симфонија.

Токму сега, ракетите на израелската морнарица слетуваат на брегот, над нас летаат авиони Ф-16 и хеликоптери Апачи. Сето тоа направено и финансирано од страна на САД.

Господине Обама, имате ли срце?

Ве повикувам да поминете една ноќ со нас во болницата. Можеби преправен како чистач?

Уверен сум, стопроцентно, дека тоа би ја променило историјата. Никој со срце и толкава моќ не би можел да си отиде од болнциата Шифа, а да не е одлучен во намерата да го спречи колежот на палестинскиот народ.

Но, оние без срце, немилосрдните, повторно испланираа напад врз Газа. Реките крв ќе продолжат да течат и следните ноќи. Слушам дека ги вклучиле своите инструменти на смртта. Ве молам, направете што можете. Ова не смее да продолжи!

 

Проф. д-р Мадс Гиблерт
Клиника за ургентна медицина
Универзитет на Болницата Северна Норвешка

 

Извор: www.independent.co.uk

Слични содржини

Свет

ОкоБоли главаВицФото