СРМ беше демократска држава, за разлика од сегашниот диктаторски режим

21.07.2014 15:00
СРМ беше демократска држава, за разлика од сегашниот диктаторски режим

Основна карактеристика преку која ќе препознаете дали една држава е демократска или не е можноста која ја имаат граѓаните да влијаат врз одлуките кои се донесуваат во државата.

Прво што направи ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власт беше да ја укине секоја помисла на јавна расправа. Со тоа ги исклучи граѓаните од донесувањето на одлуките.

Второ нешто што направи ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власт беше да го обесмисли постоењето на опозицијата. Со ограничување на времето за расправа, со отсуството на каква било желба за соработка, со формализирање на пратеничките прашања и со продукција на пратеници/послушници/притискачи на копче.

Трето нешто што направи ВМРО-ДПМНЕ кога дојде на власт беше промоција на скратената постапка за донесување на законите (а потоа и итната која се употребува единствено во воена состојба или кризна состојба која оневозможува собирање на парламентарците). Со тоа го исклучи Собранието (избраните претставници на граѓаните) од процесот на одлучување.

Сега го гледаме резултатот - донесување на промени на Уставот без учество на граѓаните, без учество на опозицијата и со отсуство на вистинска расправа дури и во Собранието.

Поголем и понеспорен доказ дека Македонија не е демократска држава - нема.

И да ви кажам, јас, која живеев во социјализмот, тврдам дека Социјалистичка Република Македонија беше демократска држава, за разлика од диктаторскиот режим кој е воспоставен сега.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

Слика: Свирачиња