Охриѓани претепале странски турист зашто попреку ги погледнал Св. Кирил и Методиј

22.07.2014 17:18
Охриѓани претепале странски турист зашто попреку ги погледнал Св. Кирил и Методиј

Охрид, 22 јули 2014

Група охриѓани синоќа повторно претепале странски турист. Како причина за претепувањето, во полициската станица ја навеле провокацијата од туристот од САД, кој неколку пати попреку го погледнал споменикот на светите браќа Кирил и Методиј.

„Сè мојт да се поднесит, ама да ми се пулит некој в споменикон попреку… Ќе го операм уш’ еднуш ак’ го фатам“, изјави еден од бранителите на Охрид од невоспитани туристи.

Граѓаните на Охрид се жалат дека туристите постојано ги вознемируваат. Според нив, порано само скопјани ги вознемирувале, потоа почнале и српските туристи, за сега истото да го прават гости од сите страни на светот.

Извор: kozanostra.net