Ако го сакаш Скопје

24.07.2014 10:58
Ако го сакаш Скопје

Ако го сакаш Скопје
Земи неколку пожолтени, есенски лисја од некоја негова улица
Исцицај им ја сета љубов што ја имаат
А потоа в магловито утро скамени ја и од неа направи камени цветови

Ако го сакаш Скопје
Вајар наречи се, и в срцата на луѓето извајај ја неговата есен
Ако ги сакаш неговите паркови
В своите очи збери ја песната на нивните утра
И в квечерината исткај ја на црвениот тепих зад планините

Ако го сакаш Вардар
Гондолиер наречи се, галеби со бели перја в уста повикај
И заброди во срцето, за да го окитиш
А потоа в некое утро со стуткани раце в џеб
Одрони ги своите чекори во утробата на неговото постоење

Ако го сакаш кејот
Појди, ќе сретнеш девојка – росата и ги расплакала очите
Подари и го извајаниот цвет од утробата ти
И покани ја на танц по сеуште голите улици
Чистачот вашиот од ќе го земе, а чекорите ќе одзвонуваат
По ѕидовите до следната улица
Ако го сакаш Скопје јас вејка ќе те наречам и ќе те одведам во паркот
Да крадеме се уште неродени хризантеми

Ако навистина го сакаш Скопје
Дојди – ќе те чекам на кејот


Од стихозбирката на Васил Икономов (1945-1991)Жерави в пламен, Мисла, Скопје 1967

Фотографија: Васил Боглев

Слични содржини

Јавни простори / Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото