Глас

25.07.2014 10:21
Глас

Кога мајмуните решиле да станат луѓе, идните жени сосема сигурно не ги прашале за мислење. Првото официјално одобрение да гласаат - само за мажите, секако - жените го добиле дури после околу милион и пол години и тоа на Нов Зеланд, 1893.

До почетокот на Првата светска војна жените имале право на глас само во четири земји во светот: Нов Зеланд, Австралија, Финска и Норвешка. Првата светска војна донела пресврт: се покажало дека жените можат да ги заменат мажите на полињата, во фабриките, канцелариите, па дури и на фронтот. И, тогаш жените „добиваат“ право на глас во десетици земји, од Канада до Киргистан, од Шведска до Монголија, Чиле и Шри Ланка.

Нешто слично се случило по Втората светска војна. Само за пет години помеѓу 1945 и 1950 право на глас на жените им е „дадено“ во 43 држави. Но не предничеле најразвиените или „најдемократските“ земји: Италијанките добиле право на глас дури во 1945, Белгијките во 1948, едвај една година пред Кинеските и Сиријките, Канаѓанките - само да гласаат, а не да бидат избирани - 1950... Накратко, жените станале рамноправни во правото на глас дури во втората половина на минатиот век.

Жените денес се занимаваат со сите работи на „посилниот пол“, вклучувајќи ги и професионалното војување и боксот. Но, не се рамноправни, бидејќи за истата работа мажите - ги плаќаат помалку. Во Парагвај за истата работа жената добива две петтини од „машката плата“, во Сингапур, Бразил и развиените демократски држави - Чешка и Австрија, две третини, Германија и Велика Британија - три четвртини... Дури и во Шведска просечната женска плата е за десет отсто помала од платата на мажот на истото работно место. Очигледно, многу е полесно на жените да им се „даде“ право на глас отколку чесно да се плати нивната работа.

Извор: www.vreme.com