1009 hPa
40 %

28 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 08:59
Учесниците на 20-та Меѓународна конференција за СИДА одржана во Мелбурн пред неколку денови имаа можност да ја погледнат и необичната изложба на бразилската уметница и дизајнерка Адријана Бертини.
Во рамки на проектот „Condom Couture“, Бертини изработува фустани од кондоми. Нејзиното модно движење има повисока цел - да се подигне свеста за важноста на борбата против СИДА-та.
Оваа бразилска уметница исто така организира и работилници кои имаат за цел да ги едуцираат луѓето за важноста на безбедниот секс, наа превенцијата и борбата против опасната болест која се пренесува по сексуален пат.
Учесниците на овие работилници имаат можност да бидат дел од процесот на боење и обликување на кондомите, пред тие да станат материјал од кој се изработуваат фустани.
Исто така, тие се охрабруваат отворено да разговараат околу користеењто на кондомите и безбедниот секс.
Извор: Condom Couture