1026 hPa
87 %
5 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 00:58
На 26 јули, пред 51 година, во 5 часот и 17 минути, се случи катастрофалниот земјотрес кој засекогаш го промени Скопје. Оттогаш, во врска со катастрофата и обновата на градот се напишани, забележани, коментирани и анализирани многу нешта.
Сепак, се чини дека ништо не зборува подобро од автентичното сведоштво на луѓето кои ја преживеале катастрофата и биле сведоци на неверојатната солидарност, помош и еуфоричната и полетна обнова.
На 51-годишнината од скопскиот земјотрес, го претставуваме документарниот филм „Скопје 63“, во копродукција на „Вардар Филм“ и „Јадран Филм“, снимен непосредно по земјотресот, а завршен 1964 година. Режисер на филмот е Вељко Булаиќ, а меѓу реализаторите наф илмот се и Ратко Ѓуровиќ, Стеван Булаиќ, Георги Старделов, Јован Бошковски, Кочо Нетков и Матеја Матевски.
Овој документарен филм бил прикажан на Филмскиот фестивал во Кан 1964 година, но не влегол во главната селекција.