1026 hPa
80 %
1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 15:59
Ерусалим, 29 јули 2014
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека Палестинците набрзо ќе ја прифатат израелската демократија, бидејќи ширењето на истата преку не е многу ефикасно, па се размислува за испраќање на шишиња со порака за демократија.
Иако од срце секој ден испраќа демократија во појасот Газа, израелскиот премиер е незадоволен од бавното одвивање на демократските процеси. Тој вели дека е нервозен поради отпорот против промените кои секаде во светот се нормални и вообичаени, дотолку повеќе што нккои од нив се развиени во колевката на модерната демократија, Германија во 30-тите години на минатиот век.
„Моето срце е толку големо што им посакувам добро на сите луѓе и тешко ми е кога гледам дека некои не ме прифаќаат со раширени раце“, вели овој познат филантроп кој смета дека ширењето демократија со оружје не е многу ефикасно, бидејќи тоа е потребно во големи количини, и дека подобро би било таа да се шири преку закани и заплашувања.
Според нашите информации, добрите намери на Нетанјаху сè уште не им се познати на жителите на Газа, иако тој инсистира дека демократијата е најдоброто нешто што може да им се случи.
Извор: www.news-bar.hr