Полицаец влетал среде претстава на отворено за да одбрани жена

30.07.2014 09:55
Полицаец влетал среде претстава на отворено за да одбрани жена

Случајот на Плоштадот на српските борци во Прњавор несомнено влегува во историјата на театарот: полицаецот Н.М. од прњаворскот Центар за јавна безбедност во саботата на 26 јули непланирано станал актер во претставата „Да му кажеме НЕ на семејното насилство!“, на Форум Театра и аматерскиот театар Млади Роми од Витез, обидувајќи се да ја заштити глумицата која ја игра сопругата на насилникот. Полицаецот ги слушнал навредите и пцовките на сопругот насилник (го игра Алдин Фафуловиќ) кој држи ножици во косата и се заканува дека ќе ѝ ја исече косата на жената; влетал на сцената (дел од плоштадот ограден со паноа) и тргнал кон глумецот со предупредување „Одбиј, ме слушаш ли!“. Пресметка спречиле гледачите со повици „Застани, претстава е!“, а сериозното дело се претворило во комедија. Публиката урнебесно се смеела, а плоштадот, поради пцовките и метежот наскоро бил преполн со луѓе кои реагирале на ист начин слушајќи за непланираниот мизансцен.

Приказната која е пренесена во електронските медиуми за е-novine ја потврди извор од една од полициските станици во Прњавор, а официјална верзија, односно одговори на нашите прашања во врска со несекојдневната „поделба на улогите“ очекуваме од љубезната портпаролка Марија Маркановиќ.

Според сценариото, гревот на сопругата е комуникацијата со една невладина организација преку Фејсбук, а претставата се играла во рамки на Петтиот фестивал на националните малцинства на општина Прњавор „Мала Европа“. Еден информативен портал од Прњавор забележал деа претставата е одиграна; „известувачот“ ја забележал изјавата на Снежана Мирковиќ, претседателка на Здружението на ромски девојки. „За жал жените најмногу го препознаваат физичкото насилство, додека другите облици на насилство не ги препознаваат.“

Извесно е дека театарската лекција за насилството нема да се заборави. Заклучок од прекинатата претстава е дека сите насилници ќе имаат работа со ревносната полиција која се грижи за безбедноста на жените. Камо среќа.

Извор: e-novine