Будалестата жена

31.07.2014 10:16
Будалестата жена

БУДАЛЕСТАТА ЖЕНА

Една мажена жена, чијшто љубовник се подготвувал да побегне, набавила пиштол и го застрелала.

„Зошто го направивте тоа, госпоѓо?“, прашал полицаецот кој патролирал.

„Затоа што беше злобен човек и си купи билет за Чикаго“, одговорила мажената жена.

„Сестро“, рекол еден свештеник со свечен тон, „не можете да ги спречите злобните да отидат во Чикаго така што ќе ги убиете.“

ГУСКАТА И ЛЕБЕДОТ

Некој богат човек си купил гуска и лебед, првата за да ја изеде, а вториот бидејќи имал репутација на добар пејач. Вечерта кога готвачката отишла да ја убие гуската, по грешка го земала лебедот. Лебедот, за да ја наведе да му го поштеди животот, почнал да пее; но го спасило само тоа што ја убил готвачката, бидејќи таа умрела од неговата песна.

Превод: Иван Шопов
Слика: Leah Saulnier

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото