Политика на бакнежот

12.01.2010 12:24
Мадона и Бритни

Кога Мадона и Бритни Спирс се бакнаа на доделувањето на MTV видео наградите во 2003, тоа беше миг кога се обелодени дека најважната политика во областа на поп културата е женската политика, единствената ослободувачка и животна сила која остана на сцената.

Тоа што стратегиите на намерно предизвикан скандал – некогаш дел од рокенролот или останатите јазици на отворената општествена побуна – денес се покажуваат само како дел од матрицата на женскиот хир, односно, ни покажуваат дека хирот, скандалот и шокот се единствените средства за самоослободување во светот чија неслобода се заснова на предавањето на потрошноста на сите односи и незачувувањето на човечката самобитност. Фините конци на егзистенцијалното ропство во кое нè вплеткува светот изграден околу хиперпотрошувачката нè доведуваат во состојба на латентна хистерија од која може да се излезе само преку скандал кој руши сè пред себе. Како што знаат жените.

Така скандалот станува избор на милионите.

Чудните денови најпосле доаѓаат

Два малку забележани настани го одбележија периодот по 2000-та – фактот дека од 2007 г. за првпат повеќе луѓе на планетата живеат во градови отколку надвор од нив, и фактот дека во светот на поп културата, а особено музиката, жените за првпат станаа секојдневна појава.

Жените ја обележаа оваа деценија во поп музиката на многу начини, но повеќе нема кој да констатира дека тоа е некој посебно исклучителен настан, бидејќи и не е – неговата исклучителност е во тоа што повеќе не е исклучителен. Ова се првите години кога може да се каже дека стана вообичаено жените да бидат автори, ѕвезди и скандал-мајстори, дека полот повеќе не е пресудно важен, и дека од нив, всушност, се очекува да го завртат тркалото во поп музиката, сосем рамноправно со мажите. Женското писмо повеќе не е новост туку секојдневие. И на никој никогаш повеќе нема да му текне да ја дели поп музиката на машки и женски достигнувања.

Најважниот симбол на овој процес, се разбира, е Ејми Вајнхаус (26), жена која претставува ново отелотворување на нешто што можеме да го опишеме само со стереотипниот израз „рокенрол вештерка“, па со самото тоа и едно влијателно современо отелотворување на рокенролот – ако мислите дека оваа тврдење е претерано, треба да знаете дека неодамна во едно маркетиншко списание Ејми беше изгласана за најомразена личност во Британија. Од друга страна, нејзиниот одличен албум Back in Black (2006) отвори нова музичка страница враќајќи го соулот во целосен сјај на топ листите и, што е уште поважно – лансирајќи нов модел на отпадничка женска ѕвезда кој небаре цело време чекал да биде откриен. Така отпадничкиот женски соул стана нов културен модел кој го следеа многу девојки, на сцената и пред неа (Лили Ален, Duffy, Адел во првиот бран, и Lady Gaga, La Roux, Little Boots и останатите во вториот бран).

Бритни Спирс (28) е приказна за враќањето од онаа страна на границата, т.е. од земјата во која живеат мртвите за јавноста. Од почетокот изгледаше како некој кој само ја игра улогата на обична девојка од соседството, иако подготвена на палавост (вечната филмска категорија: „наивна“). Играта сите ја прифатија, за што ни говори и незапамтениот резултат од четири последователни албуми на американската топ листа. За разлика од Ејми, кај која ни лекарот не можел да востанови кои од недозволените супстанци не ги користела, Бритни во 2007 доживеа нервен слом на сцената, како директна последица од распаѓањето на бракот и борбата за старателство над децата. Во начинот на кој беше потоа јавно третирана, човечката причина и’ беше ускратена како разумен мотив за неурамнотеженото однесување. По многуте добро документирани скандали во кои медиумите допреа ново дно во занимавањето со животот на славните, Бритни не само што го најде својот пат како повторно родена ѕвезда, туку нејзината нова привлечност на ѕвезда која претрпела сешто ги донесе нејзината турнеја и албумот Circus до катарзичниот врв на популарноста, како и ново богатство во склад со нејзината пазарна позиција како една од најголемите поп ѕвезди на сите времиња, па дури и почитта на интелектуалците на кои не им се измолкна „кул“ карактеристиката на феникс кој има моќ повторно да се роди наспроти сè.

Ејми Вајнхаус и Бритни Спирс овие години го работеа она што на луѓето на јавната сцена им се случува, а тоа е комбинацијата од нервни сломови и приватни катастрофи во кои учествува целиот свет – некои жени, едноставно, се такви, и мислам дека тоа нема врска со злобната страна на музичката индустрија која, патем, е на колена. Кога ќе ги погледнете неодамнешните настани околу овие две добитнички на Греми наградите, ви доаѓа да се запрашате што овде не е хиперрокерско набивање на прстот во окото на јавноста, кога веќе таа го набива нејзиниот во вашето – расипани деца, себични родители, издавачи и медиуми кои манипулираат со вас – и наидувате на многу приватниот одговор кој се состои од непрекинато опивање кое ги доведува концертите во опасност, неконтролирано однесување во друштво на други, необични фризури или радикално сечење на косата и облекување вон секаков вкус. Ако врз сето тоа имаш и хит, на добар пат си со менување на својот живот да го смениш и светот. Потенцијалот на новиот културен модел е дефиниран со ова измолкнување на злата судбина која постојано ни се заканува.

Родени во оган

Ако на некој воопшто му треба таа паралела, по „Sticky and Sweet“ турнејата јасно е дека Елвис на новиот поп поредок претставува една жена која се вика Мадона. По годините комуницирање со спотови кои подеднакво го превртуваа сексуалниот поредок како некогаш што правеше Елвис, нејзиниот постојано течен мјузикл стана и физички сеприсутен на начин на кој нејзиниот лик веќе стана, кога исцрпувачкиот Live Nation договор кој го потпиша истата година на пресврт, 2007, ја доведе во ситуација следната деценија да мора не само редовно да снима туку и интензивно да настапува секаде каде што може, бидејќи во светот на секојдневната потрошувачка и естрадно секојдневие тоа стана единствениот сигурен начин да се заработи за кирија. Целиот свет е нејзиниот Лас Вегас.

Во таа смисла, ако успехот на концертната турнеја денес е поважен од успехот на топ листата, самиот поглед на заклучните деловни показатели ни кажува сè – меѓу првите десет најуспешни во 2009, петмина се со изведувачи со имиња од женскиот пол: концертен број 1 за 2009 е Мадона, а на самиот врв се наоѓаат Бритни Спирс, Пинк, Бијонси и... Тина Тарнер. Фактот дека на машката страна на оваа вага се стари кадри како U2, AC/DC, Брус Спрингстин (но и младите Coldplay), ни кажува доволно ако се прашувате кој го сочинува подмладокот на поп музиката – несомнено тоа се жените.

Серијата збунувачки настани, кои можат да се опишат како свесно пукање во јавноста од страна на младите жени на поп сцената, нема крај: Кети Пери (25) минатата година во хит песната го претвори она што Мадона и Бритни го направија јавно во 2003 како врв на своите ексцеси, кога се бакнаа на сцената („I kissed the girl / and I liked it“). Лили Ален (24) го објави вториот албум и го промовираше, меѓу другото, пеејќи во геј клуб облечена како Бритни и Пинк Пантер, но неодамна објави можно повлекување пред да го оствари целиот свој потенцијал за лудување поради малтретирање од страна на обожавателите на интернет (преку кој и стана позната), додека од друга страна интернет радиото last.fm на крајот на 2009 објави дека Лили е најслушаниот британски изведувач. Ријана (21) тргна да го превртува светот пред да сфатиме дека дома „јаде ќотек“; обидот да го сокрие тоа се заврши со нејзината јавна борба против домашното насилство која вклучуваше и „live chat“ со активистките на CNN, но и се совпадна со издавањето на новиот албум. Бијонсе (28) создаде свое злобно алтер его. Лејди Гага (23) ни откри дека е природна црнокоса, но дека ја обоила косата во руса бидејќи често ја мешале со Ејми Вајнхаус. Пинк (30) за малку се раведе од момчето кое своевремено самата го побарала за маж, но конечно стана и светски хит.

Речиси и да не морате да го проверувате следниов податок: сите овие мислам-со-својата-глава-и-никој-ништо-не-ми-може девојки учествуваат во разни сериозни добротворни кампањи и помагаат општествени акции кои имаа смисла. Сите имаат барем по една тетоважа. Сите ја водат својата работа независно, колку што можат повеќе.

Но приказната за новиот сензибилитет кој со успехот ја менува поп културата одвнатре допрва започнува, бидејќи поп културата одамна не се врти само околу музиката и тука настаните добиваат ново забрзување: супермоделите отсекогаш биле дел од рокенрол гламурот, но кој може да каже дека Кејт Мос не е рамноправно голема рок ѕвезда на денешницата, и тоа, не затоа што пее со Primal Scream или игра во спотот на the White Stripes. Тие се подобри глумици и од глумиците, зашто играат во секојдневниот живот, и се повеќе поп од поп ѕвездите бидејќи се олицетворение на новиот уличен гламур кој се заснова на ветувањето на секојдневна вечна потрошувачка. Дали треба да се каже дека во последната деценија супермоделите од новата генерација поставија нови стандарди кога заработувачката е во прашање (новата икона Жизел Бундхен), дека во тоа постигнување ги следеа и глумиците кои први се изедначија со своите машки колеги (новата икона Анџелина Џоли), и дека во новите врвни достигнувања во областа на заработувачката очекувано им се придружија и спортистките (пред сè, тенисерките, кај кои со појавата на Ана Курникова се создаде дури и нова подгрупа – еден вид pin-up тенисерки, натпреварувачката не мора воопшто да игра, како што Курникова никогаш и не освоила ниеден турнир, но многу добро си живее од рекламни договори).

Точка на прекршување

Веројатно е вистина дека некои аспекти на она што порано би се сметало за „женски сензибилитет“ се подобро прилагодени на новите општествени односи. Жените се господари на секојдневната визуелна димензија многу повеќе од мажите, тие подобро владејат и со времето, а новиот свет главно се потпира на овие две оски на движење, многу повеќе отколку на некогашните рационално-духовна и посебно просторната, со кои владееја мажите.

Новата економија на глобализираниот свет е економијата на желби и заведувања, и во него главната улога – ветувања за исполнети желби – повеќе не ја играат мажите; тие се само потрошувачи на пораките на заводливост, на ист начин на кој до неодамна жените беа главни потрошувачи на прозиводите на една поинаку скроена култура составена од цврсти артефакти. Во 21-от век, таа е исткаена од предизвикување, а не од давање.

Конечно, најбитно е дека жените повеќе се симбол на сетилноста на секој начин, и дека во новото градење на глобалното потрошувачко општество настапуваат како отелотворување на секојдневните екстази – како комуникационите така и телесните, и, повторно, потрошувачките. Жените се совршено обликувани за играчи во вмрежениот свет на денешницата со своите повеќекратни нивоа на комуникација, многукратните значења, различните облици на идентитет, во кои ништо повеќе не е територијално, а сè е темпорално.

Згора на сè, во природата на женското промислување на светот често е отворена можноста за промени, еден вид ментална еластичност која овозможува нештата секогаш да се превртуваат, ако не ве искршат до крај. Односот меѓу стореното и искупувањето секогаш е во рамнотежа, излез постои секогаш, а светлото на крајот од тунелот некако е дофатливо, само ако доволно долго раката се држи испружена.

Ова е најголемиот и најреволуционерниот преврат во поп културата на минатата деценија – и се разбира, минува речиси незабележано, бидејќи револуциите обично не се појавуваат онаму каде аналитичарите ги очекуваат. Иако со години во научните трудови, посебно за време на 90-те, се најавуваше овој вид родова револуција, на јавната сцена сè е погрешно сфатено.

Бидејќи најважната порака на превратот кој се случува не е рамноправноста на жените, чија положба сеедно останува економски незавидна, туку ослободувањето од теророт на судбината преодредена со припадноста кон овој или оној пол/род. Рокенролот пред 50 години прв ја доведе во прашање цврстината на сексуалните стандарди, а сега ги береме финалните плодови на овој мажествен процес.

Извор: vreme.com

mage recognition series 7

mage recognition series 7 test CAPTCHAs face many potential problems which have not been fully studied. It is difficult for a small site to acquire a large dictionary of images which an attacker does not have access ssat exam to and without a means of automatically acquiring new labelled images, an image based challenge does not meet the definition of a CAPTCHA. KittenAuth, by default, only had 42 images in its database.[28] Microsoft's "Asirra," which it is providing as a cpa exam free web service, attempts to address this by means of Microsoft Research's partnership with Petfinder.com, which has provided it with more than three million images of cats and dogs, classified by people at thousands of US mcat practice test animal shelters.[30] Unfortunately for Microsoft, researchers claim to have written a program that can break the Microsoft Asirra CAPTCHA.[31]

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото