Заедничка порака на Палестинци и Израелци: Не сакаме конфликт!

01.08.2014 09:16
Заедничка порака на Палестинци и Израелци: Не сакаме конфликт!

Во последните три недели, колку што траат израелските напади на Газа, загинаа околу 1.400 Палестинци, повеќето цивили, и 60 Израелци, повеќето војници.

Семејствата на жртвите одлучија да испратат своја заедничка порака околу израелско-палестинскиот судир, а таа гласи: „Не те сакаме овде“.

Зад кампањата стои израелскиот огранок на агенцијата BBR Saatchi & Saatchi, ангажирана од организацијата на палестински и израелски ожалостени семејства кои се залагаат за мир.

Многу родители на жртвите од двете страни, Палестинци и Израелци, со заеднички сили создадоа организација која има цел да спречи загуба на уште животи. Нивните напори за постигнување мир можете да ги следите овде.

Во видеото подолу може да ја погледнете заедничката порака на членовите на израелските и палестинските семејства кои ги изгубиле своите најмили во воените судири и сакаат конфликтот да престане.

Извор: theinspirationroom.com

ОкоБоли главаВицФото