1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Меѓународниот ден на пивото е „празник“ кој започнале да го слават Џеси Авшаломов, Еван Хамилтон, Арон Араки и Ричард Хернандез во Сан Франциско, 2007 година. Тие сметале дека е „потребно да постои ден на кој ќе се слави пивото, ден во чест на луѓето кои го произведуваат и обезбедуваат нашиот омилен пијалак“.
Ова друштво продолжило со напорите околу установување на Меѓународниот ден на пивото, убедило неколку локални барови да го прослават, направило скромна веб страница и така започнува бранот прослави ширум светот. Денес, веќе седма година по ред, многу луѓе ширум светот си прават сопствени прослави. Овој празник се слави секој прв петок во август, па затоа нема фиксна дата. Оваа година, тоа е 1 август.
По повод Меѓународниот ден на пивото, претставуваме избор од објавените прилози на Окно во врска со овој пијалак без кој многумина не можат да го замислат животот.
Најчудни закони за пиво во светот
Наци психоделија: реклами за Гинис од 1936
Пара вести: Во Македонија ќе се легализира медицинското пиво по 19:00 часот
Стари рекламни постери за пиво
Вкусот, а не алкохолот предизвикува уживање во пивото
Џон Едвард Вокер - Пиво за појадок
Џорџ Орвел - Одразот на месечината
Пет работи што може да ги направите со пиво
Сугестивни реклами за пиво
Чарлс Буковски - Пиво во барот на аголот
Слики: Glenn Ruthven