А бре, Македонче!

02.08.14 10:28

На 70-годишнината од првото заседание на АСНОМ, и 111-годишнината од Илинденското востание, потсетуваме на сцена од првиот македонски филм „Фросина“ (1952) во која се пее македонската партизанска антифашистчка песна „А бре, Македонче“. Честит празник!

А бре Македонче, леле каде се спремаш?
Борба те чека, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Момци наредени, моми накитени,
борба ќе одат, борба за слобода.
Борба за слобода, за Македонија,
за Македонија, земја поробена.

Нека разберат, клетите фашисти,
Македонско име нема да загине!

ОкоБоли главаВицФото