Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест

02.08.2014 09:56
Решение за создаванје суд за суденје на престаплениа извршени против македонската национална чест

Во време кога Македониа беше окупурана од германците и бугарските фашисти, кога македонскиот народ изживуеше тешки моменти во своето национално соштествуванје, кога најарните народни сили со сите средства, па и со оружје во рака, се бореја за запазуенје на македонската националност, јазик и култура, за македонското име воопшто - се најдоа пораженци и изроди во нашиот народ, било от лични интереси било от општествена саможивност по севозможни начини соработуеја со окупаторите, давајки им во нивната фашистичка и денационализаторска политика реална помокј. По тој начин тие го издадоа својот народ и ја извалкаја македонската чест.

Македонскиот народ не може да ги остави без наказание извршителите на овие престаплениа.

На това основание Антифашиското Собрание на Народното ослободуенје на Македониа го донесуе следното

РЕШЕНИЕ

Чл. 1 Се создава специален суд за суденје на престаплениата против македонската национална чест, кои на териториата на Македониа ке суди на секое лице кое за време на окупацијата направило

Чл. 2 Овој суд ке суди за оние престаплениа направени против националната чест, кои не можат да се квалификујат како издајство, или како помаганје на окупаторот на престапленјата против македонската национална чест осудуе на лишуенје от национална чест, во која влегува и лишуенје от грагјанска чест; лесна или тешка присилна работа и конфискуванје на имот. Лишуенјето от националната чест може да биде времено или доживотно, а присилната работа може да трае највеке до 10 години.

Чл. 4. Во случај да се утврди по време на раследуенјето, оти е извршено престапление за кое се осудуе на смрт, судот за срденје на престапленијата против македонската национална чест ке се огласи за ненадлежен, а предметот ке го испрати на надлежниот суд.

Чл. 5. Антифашиското собрание на Народното Ослободуенје на Македониа т.е. Президиумот ке издаде нужни законски решениа во кои ке ги суди судот за суденје на престаплението против македонската национална чест, уредуенјето на судот и процедурата.

Чл. 6. Судот за суденје на престаплениата против македонската национална чест се избира од Президиумот на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободуенје на Македониа, и се состои од 30 члена кои судат во состав од 3 члена.

Чл. 7. Президиумот на АСНОМ назначује народен тужител при судовите на народната чест.

Чл. 8. Ова решение влегуе во сила от денот на објавуенјето.

*Забелешка: поради доловување на изворноста и специфичниот јазик на документот, во текстот не се вршени никакви корекции, дури ни кога има очигледни грешки како онаа во редните броеви (по 2 следува 4) или кога има недовршени реченици (Кај член 1) и сл.

Извор: Документи од создавањето и развитокот на Н.Р. Македонија (1944-1946), Државно книгоиздателство на Македонија, Скопје, 1949