Бугарија бара заедно да го чествуваме и концертот на Цеца

02.08.2014 11:33
Бугарија бара заедно да го чествуваме и концертот на Цеца

Скопје, 2 август 2014

Претседателот и Владата на Република Бугарија вчера во две одделни соопштенија изразија очекување во блиска иднина заедничкото чествување на Илинден да се прошири и на концертите во чест на големиот заеднички празник.

Бугарските државници пројавиле желба да стојат веднаш до македонските на концертот на Цеца во очи Илинден, но македонските власти останале глуви на овие очекувања зашто се уште немаат добиено мислење од МАНУ како да постапат по барањето.

„Концертите са място, на което хората се сближават, слушат заедно музика и разпространяват настроение. Тя може много да помогне за подобряване на атмосферата между балканските народи и държави“, се вели во соопштението на шефот на бугарската држава Росен Плевнелиев.

Сличен тон има и во соопштението на бугарската влада:

„Цеца не принадлежи само на един народ, но и на всички балкански народи. Ние сме едно и не трябва да се делим на сръбски турбоголкери, македонски или български. Охрид тази вечер ще бъде столица не само на България и Македония, но и на всички турбофолкери от Балканите“

Извор: kozanostra.net