Приказни за сонцето (6)

02.08.2014 14:13
Приказни за сонцето (6)

Звонимир Балог
Чудосонце

 

Чудосонце

Сонцето учи како да изгрева
сонцето учи како да излева
сонцето учи како угоре да тече вода
сонцето ги учи полињата да родат
сонцето го учи цвеќето на убавина
тоа на животот добрина му влева.

а кој го научил да биде моќно нарочно
кој го научил да биде во секунда точно
кој го научил да се смее за време на ферии
кој го сервисира и кој му менува батерии

кој сонцето го научил да стои на ништо
и од каде е неговата сила воопшто?


Грамофонската плоча на сонцето

Сонцето е грамофонска плоча
во која на денот му е снимен тонот.

Секое утро некој невидлив ја пушта
за да ни го продолжи чудото
за да ни го продолжи сонот.


Кому да се дадат одликувања

Некој да ме праша,
би го предложил страшилото
среде житото -
без оглед дали житото
од птици го бранело
или птиците со него ги хранело.
За одликување би ги предложил
крошните на сите борови
за вечно зелените шуми и дворови.
Шетачите би ги наградил
за успешно шетање,
цветовите за самоуко цветање.
Лилјакот зашто станал птица
од глушец сив и јак.
Црвот бидејќи издржал
цел живот под кората на дрво.
И на сонцето одликување треба да му се даде
- но дали преку орденот
и понатаму би можело така да сјае?

Препев: П. Вулкански
Слики: Alice & Martin Provensen, Helen Webber, Maurice Sendak, Wilfried Blecher

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото