Во спомен на Принцип

04.08.2014 11:11
Во спомен на Принцип

Гаврило Принцип
***

Дните тромаво се берат
И ништо ново нема,
Денес сè е ко вчера,
Утре исто се спрема.

И наместо да сме во војна
Додека бојните труби ечат,
Еве нè в темница гнојна,
Врз нас прангите ѕвечат.

Секој ден ист живот,
Згазен, згмечен, крт.
Па јас не сум идиот -
Тоа е за мене смрт.

Но зборот треба да нè облее
на Жераиќ соколот што бдее:
Кој сака да живее нек мрее,
Кој сака да мрее нек живее!

Милош Црњански
Во спомен на Принцип

За Душан Силни и Балша, нек смолкне крикот.
Властелите, војводите, деспотите, беа срам.
На ајдучката крв нек ѝ се ори цикот.
За убиецот дигнете го Видовденскиот храм!

На славата, и оклопниците, нек стивне појот.
Убоста на деспотиците нек се претвори во тага.
Гладен и крвав е народот мој.
А блескавото минато е лага.

А кој нè сака, нек го сака каменот гол.
Нек ги бакне омразата и мртвите.
Ископаните очи, виното што се точи,
во слава на убиството и жртвите.

За правдата и светата победа нек стивне крикот.
Оците и браќата и сестрите беа срам.
На осветата, мајката наша, нека ѝ се ори цикот.
За рајата, бедните, дигнете го Косовскиот храм.

А на сонцето и манастирите задушете го појот.
Кадифето и свилата нек се претворат во тага.
Лелек и гробје е народот мој.
А блескавото минато е лага.

Мојот народ не е царски барјак што се вее,
туку мајки обесчестени.
Пот и сиромаштија и омраза што се лее
во срамот на пеплишта и стени.
(1913)

Препев: П. Вулкански

ОкоБоли главаВицФото