1032 hPa
61 %
7 °C
Скопје - Пет, 13.12.2024 12:59
Аргентинскиот уметник кој работи под псевдонимот Март започнал да црта мурали на улиците на Буенос Аирес во 1990-тите, кога имал само 12 години. Неговата палава имагинација се одразува во торештвото со вибрантни бои и зашеметувачки, слободни линии кои како да се движат слободно од кантичката со спреј.
Како 12-годишник се дружел со постари цртачи на графити кои биле под силно влијание на њујоршкиот графити бран кој ја „погодил“ Аргенитна во 1990-тите, што може да се препознае и во денештвото творештво на овој уметник.
Како што созревал, созревала и неговата врска со уметноста и улицата. Март го надраснува цртањето графити и се посветува на различни форми на креативно изразување кои се повеќе свртени кон улогата на уметникот во заедницата.
Со тек на време, муралите стануваат негово омилено поле на изразување. Доминантно фигуративни, муралите на Март на прв поглед изгледаат едноставни. Дури при повнимателно гледање може да се забележи неговата неверојатна вештина со спреј и уникатните линии што ги создава.
Во оваа прилика, претставуваме десет негови мурали посветени на велосипедите.
Извор: graffitimundo.com