69 години од нападот врз Хирошима

06.08.2014 09:55
69 години од нападот врз Хирошима

На 6 јули 1945 година американската армија фрли атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима. Тоа беше прв нуклеарен напад на САД, а еден ден подоцна слична бомба е фрлена и врз градот Нагасаки.

На тој ужасен начин Јапонија е присилена на капитулација, со што завршува Втората светска војна.

Во нападот на Хирошима, според некои проценки, загинале повеќе од 300.000 луѓе, а бројот на оние кои дополнително настрадале поради последиците од радијацијата е невозможно да се утврди. Во нападот на Нагасаки се загинати околу 70.000 луѓе.

Иако Јапонија и светот секоја година се потсетуваат на овие ужасни настани, катастрофата од Втората светска војна како да не претставува поука за денешните велесили. Се претпоставува дека ширум светот во моментов има повеќе од 17.000 нуклеарни боеви глави. во САД и во Русија ги има речиси 2.000 спремни за лансирање за само неколку минути. Повеќето денешни атомски бомби се неколку пати поразорни од оние кои ги опустошија Хирошима и Нагасаки.

Освен САД и Русија, нуклеарно оружје поседуваат и Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.

На видеото подолу можете да погледнете дел од ужасниот историски настан и последиците предизвикани од катастрофалниот нуклеарен напад.

Извор: www.channelnewsasia.com