Бесмислена институција

07.08.2014 11:27
Бесмислена институција

МЕТАФИЗИКА

Ова е едното и единствено
небо; затоа
тoа е апсолутниот свет.
Нема друг свет.
Кругот е затворен.
Живеам во Вечноста.
Патиштата на овој свет
се патиштата на Рајот.

БЕСМИСЛЕНА ИНСТИТУЦИЈА

Ми дадоа постелнина и кревет
во една огромна ќелија,
опкружен со стотици расплакани
и очајни мажи и жени.

Седнав на креветот, три редови горе
ведаш до таванот,
гледајќи долу кон сивите премини.
Стари, сакати, неми луѓе

наведнати плетеа. Тешка девојка
во валкан фустан
зјапаше во мене. Чекав да дојде
официјалниот водич

и да ми даде инструкции.
По некое време, скитав
низ празните ходници
барајќи тоалет.

ОСАМЕНОСТ

Сега умот ми е бистар
како небо без облаци.
Тогаш, време е да направам
дом во дивината.

Што правев освен
што скитав со очите
по овие дрвја? Ова
ќе изградам: жена,
семејство и ќе побарам
соседи.

Или
ќе умрам од осаменост
или поради недостиг од храна
или од молња оли од мечка
(морам да го скротам срцето
и да ја носам мечката)

Или можеби ќе направам слика
на моето талкање, мала
слика - храм покрај
патот што ќе му покаже
на патникот дека живеам
овде во дивината
буден и дома.

Превод: Иван Шопов
Слика: Michael De Alba

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото