80 години Мики Маус

13.01.2010 13:16
Мики Маус

На овој ден, пред 80 години, во таблоидот New York Daily Mirror се појави стрип во кој главниот лик беше едно симпатично глувче. Глувчето се викаше Mickey Mouse, негов творец беше Волт Дизни, а создадено беше од – неволја.

Имено, во миговите кога Дизни го изгуби спорот околу правата на Освалд „Среќниот зајак“, на компанијата и’ се заканувал банкрот. Волт Дизни и неговите соработници барале нов лик, па се размислувало за коњ, мачка, куче, крава, дури и жаба, но наспроти сите предлози, Дизни сакал – глушец.

Културна поп икона на столетието

„Децата сакаат животни, посебно ако тие се слатки и мали. Ако ги сакаат децата, ќе ги сакаат и родителите, сакале или не сакале“, во една прилика има изјавено Дизни. Но она што ќе ја одреди неверојатната популарност на симпатичниот глушец била желбата на Дизни да создаде цртан јунак кој ќе го поседува шармот на Чарли Чаплин. Не само што успеал во тоа, туку и Мики Маус стана културна и поп икона на цел еден век.

Тајната на Мики Маус лежи во неговата антропоморфност, како и во тоа дека поседува шарм на работ на луцидното и фејкерското. „Кога луѓето му се смеат на Мики Маус, тие си се смеат самите себе си“, еднаш изјавил Волт Дизни и апсолутно бил во право.

Пред да заживее во стрип, со што започнува светската слава на најомилениот глушец на светот, Мики Маус се појави во цртаниот филм „Паробродот Вили“ од 1928 г. кој, освен претставувањето на најомилениот глушец, претставува и првиот цртан филм со интегриран звучен запис. Но стрипот му ја носи големата популарност, со оглед на тоа дека во тие времиња стрипот им бил многу подостапен на луѓето од подвижните слики.

Со темата за неверојатната популарност на Мики Маус се занимавале многу научници, но истражувањето на познатиот биолог и стручњак Стивен Џеј Гулд е многу интересно. Гулд истакнува дека за популарноста на Мики Маус најзаслужни се неговите промени. За време на првата деценија од постоењето на овој глушец Дизни му ги променил размерот на главата, му ги скратил екстремитетите и му ги зголемил очите.

Тајната е во ушите

Така била создадена ефикасната формула за неодолива привлечност – Мики Маус станал прикриена варијанта на човечко бебе, а луѓето најмногу од сè ги сакаат бебињата, поради исконски еволуциски причини. Навистина неверојатно делува податокот дека Мики Маус последната филмска улога ја оствари во далечната 1952 г., а дека до денес популарноста воопшто не му опаднала. Од компанијата Дизни истакнуваат дека нивниот лик е подеднакво важен како и првиот ден, што е разбирливо со оглед на големите приходи од него, а и факт е дека целата компанија се врзува со овие три волшебни круга на Дизни.

Бидејќи, целата суштина на Мики Маус се крие во неговите уши. Такви тркалезни уши никогаш претходно не сте виделе, и всушност станува збор за една од најгенијалните апстракции во историјата на човечкото цртање. Мики Маус може да биде нацртан од секој. Доволно е само да нацртате еден поголем круг, на неговите два горни краја да додадете помали и секој човек во светот ќе знае за кој се работи.

Мики Маус е генијално едноставен, или едноставно генијален лик – тој може да биде сè што ќе посакате, а факт е дека светов би бил многу погрд и посиромашен да не беше овој глушец. Животот е убав – патетична но вистинита фраза која прв ја докажа токму Мики Маус, сега веќе витален 80-годишен старец.

Часовници и фигури

„Мики Маус е вистинско богатсtво“, се израдувале многу сопственици на компаниите кои имале некаква врска со изработката на телефони, часовници, фигури и друго што го носело или го носи ликот на Мики Маус. Веќе во далечната 1933 г. компанијата The Ingersoll-Waterbury се зафатила со производство на часовници со ликот на овој глушец. Пред да се зафати со ова, компанијата била во тешка криза, но кога само првиот ден продала 11 000 часовници, ситуацијата значително се променила.

Фатва за глушецот

„Тој глушец е одвратен лик. Тој е гнил. Зад него се крие Сатаната. Очигледно е дека тој е војник на Сатаната!“, извикал саудискиот свештеник Мохамед Сала ал Мунијид, некогашен дипломат во Вашингтон. Овие четири реченици би поминале како небитен врв на човековата глупост ако истиот свештеник не изречеше фатва за Мики Маус.

Со други зборови, човекот побарал убиство на Мики Маус. Потсмевот од Запад бил очекуван. „Фатвата на Ал Мунијид за Мики Маус го прави смешен исламот во очите на другите луѓе. Иако исламот ги карактеризира глувците како валкани животни, да се повика на убиство на измислен лик, па макaр тоа било и глушец, е неверојатна глупост!“, беше саркастична Суада Салех, најпризнатиот египетски теолог.

Далекувод

Американците се нeобично горди на Мики Маус и на Волт Дизни кои израснаа во национални херои. Посебна занимливост се далекуводите околу Дизниевата фабрика изработени во облик на карактеристичните кругови на Мики Маус. Но уште поинтересно е тоа што луѓето од компанијата Дизни немаат никаква врска со тоа. Едноставно, компанијата која ги изградила далекуводите го сторила тоа поради почит кон најомилениот глушец на Американците.

Видеоигра

Мики Маус продолжува да живее и со најновата генерација деца. Компанијата Дизни е пред крај со изработката на играта „Mickey Mouse Epic“, направена за сите платформи, која го ревитализира стариот глушец за денешните деца. Изгледот на најновиот Мики Маус е во склад со светските трендови: во благ ретро тон, најновиот Мики Маус станува поопасен и поактивен. Не треба да се чудиме – тој секогаш е онаков каков што децата го сакаат во тој миг.

Извор: jutarnjilist.hr

kuke4kata na miki mays

Kukickata na miki mays  vlezete vo nea zabavno e
Miki mays   miki  mays  miki mays miki mats miki mays

miki mays

miki mays

ОкоБоли главаВицФото