Ѓубре од човек не лајкнал слика од бебе на Фејсбук

09.08.2014 09:39
Ѓубре од човек не лајкнал слика од бебе на Фејсбук

Скопје, 9 август 2014

Марко Костовски (35), ѓубре од човек кој живее во Скопје, во петокот на Фејсбук не кликнал лајк на фотографијата од двомесечното бебе на неговата другарка од основно училиште, која не ја видел десет години.

Овој човечки отпадок изјавил дека во News feed му излегла сликата од бебето, но тој само продолжил да листа надолу.

„Од утрово ми стигнуваат заканувачки пораки и луѓето ме прашуваат како сум можел да го направам тоа. Бебето навистина е слатко, но поради некоја причина не кликнав лајк. Навистина не знам што ми беше“, изјави овој олош.

Овој тежок неранимајко најавува дека ја научил лекцијата и дека во иднина ќе реагира поинаку.

Мајката на бебето, Анета Георгиевска, вели дека била збунета кога неколку часа откако ја закачила јубилејната 1000-та фотографија од бебето, видела голем број лајкови.

„На Фејсбук имам 234 пријатели, но сликата на моето бебе имаше само 233 лајкови. Почнав да проверувам кој фали и така дојдов до онаа стока Марко, оној гад кој препишуваше математика од мене во осмо одделение, а сега не сака да ја почести мојата рожба со еден лајк“, изјави потресената мајка.

Социологот и експерт за лајкување Ставре Мрежовски смета дека е недозволиво во 2014 година луѓето сè уште да прават вакви грешки.

„Секако дека никој не очекува од вас да ги гледате сите слики од бебето на Фејсбук, но кликањето лајк е знак на елементарна пристојност, па и човечност. На крајот на краиштата, лајкувањето на слика од бебе е она што нè разликува од животните“, смета Мрежовски.

Извор: www.njuz.net