Бакрачески открива: Охрид е урочен, зато немат туристи

11.08.2014 12:37
Бакрачески открива: Охрид е урочен, зато немат туристи

Скопје, 11 август 2014

Вината за малиот број на домашни туристи во Охрид, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески ја наоѓа во уроците. На прес конференција што ја одржа во Скопје, тој рече дека нема ден, а да не се почувствува дека некој со поглед полн со завист го има погледнато градот.

„Сè почна од пред месец-два, кога низ градот се чувствуваше мирис на темјан. Се знајт во текот на ноќта некој, сигурно имат дојдено од Скопје, од медиумите или од некоја секта, и се имат шетано по Варошон и имат фрлано уроци. Ак’ не е така, з’ш толку бајачки идет к’j мене во канцеларија да ми кажвет дека Охрид е урочен. За да се спасит што можит да се спасит од сезонава, Општината ќе распишит тендер за избор на бајачка за истерување на уроците од Охрид“, вели Никола Бакрачески.

Тој ги демантира и прилозите на медиумите дека со уроците дошло и до зголемена појава на водни змии, како и тие дека некој фрлил клетва Охрид да има диви депонии, тврдејќи дека Охрид никогаш не бил почист.

Градоначалникот тврди и дека цените на сместувањето и пијалоците се високи поради тоа што некој им има баено на ценовниците.

„Не станва збор за тоа дека некој сака да се збогатит за три месеци, цените не се толку високи колку што пишит по медиумите, но ценовниците најверојатно ги имат погледнато некој со сини очи и ги имат урочено. Можит и од завист да е целава работа“, открива таткото на Охрид.

Извор: kozanostra.net