
Не, сега не е за поезија,
ни за римите со насмеан ѕвон,
под дебелиот оклоп железен,
ќе те разбудат ли, срце, од сон?
Ти започнуваш, пишуваш и, ете -
место рима експлодира барут
и го палат небото ракети,
и топови го пожарат градот.
Но притивнува. Во нотесот чист
- место нежни зборови, парфем -
на снежните полиња на листот
јата ловџии се острат за плен.
Надалеку се спуштаат дружно,
намирисале некаде стрв -
И забележуваш тогаш со ужас:
не со мастило, си пишувал со крв.
Не, сега не е за поезија,
и да сакаш, не можеш да пееш.
--------------------------
Извор: Никола Јонков Вапцаров, Песни, Кочо Рацин, Скопје, 1958.
Препеал: Томе Арсовски
Слика: Marion Jdanoff